10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаСведоштво за трагедијата кај Сити мол: Слушнав крици што нема да ги...

Сведоштво за трагедијата кај Сити мол: Слушнав крици што нема да ги заборавам, момче констатираше смрт кај девојката

Актерот Жарко Димоски на својот Фејсбук-профил изрази сочувство за смртта на девојката која вечерва загина откако во неа удри автомобил кај Сити мол во Скопје. Тој вели дека случајно бил сведок на трагедијата и дека момче констатирало смрт кај девојката. Таа загина на самото место, а момчето е повредено и пренесено во болница. Улиците низ главниот град ги нарече минско поле.

„Бев случаен сведок кога еден млад дечко ја констатира смртта на девојката, слушнав крици што нема да ги заборавам цел живот! Улиците ни се како минско поле, ризик е да излезеш од дома, за жалење сме!”, напиша Димоски.

Во девојката, која поминувала на пешачки премин кај Сити мол, удрило возило управувано од 22-годишен возач, потврдија од МВР. Еден маж е повреден и е однесен во болница.

Во неа удрило патничко возило „ситроен”, управувано од Ј.Ѓ. (22), потврдија од МВР.

Денеска „во 19.44 часот пријавено е дека на улица Московска со булевар Партизански одреди се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило ‘ситроен’ управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ 8 Септември и В.Н. (1997) од Радовиш, која починала на самото место. Се врши првичен увид”, соопшти МВР.

Извро мкд.мк

Фото: 360 Степен

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...