13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаТекстилни работници добиле по 100 до 500 денари К-15

Текстилни работници добиле по 100 до 500 денари К-15

Работници од 62 фирми низ земјава пријавиле до НВО „Гласен текстилец“ дека не им е исплатено или добиле минимален износ од 100 или 500 денари регрес за годишен одмор, познат како К-15.

Кристина Ампева од НВО „Гласен текстилец“ вели дека пријави имаат од Штип, Скопје, Куманово, но и од останатите градови низ земјава. Според нивните податоци, 46 македонски компании воопшто не исплатиле регрес за годишен одмор до законски предвидениот рок. До „Гласен текстилец“ пристигнале и пријави за уште 16 фирми кои само делумно исплатиле К-15.

–Повторно имаме по 500 денари, по 100 денари исплата. Од тие вкупно 62 фирми кои што се пријавени, 46 не исплатиле воопшто. Државен трудов инспекторат ќе отиде, ќе им каже дека треба да исплатат К-15, меѓутоа, колективниот договор дозволува исплата на тие срамни суми од 500, од 100 денари да поминат, па дури и таму каде што има синдикално организирање, рече Ампева.

Таа смета дека постојните законски решенија им дозволуваат на фирмите, кои ќе прикажат дека работеле со загуба, да исплаќаат минимални износи. Според неа, решението за да се надминат ваквите манипулации е во новиот Закон за работни односи.

–Да се донесе новиот Закон за работни односи и внатре да стои децидно дека К-15 им следува и во јавен и во приватен сектор, да биде определен минималниот износ, за да не се наоѓаме во вакви ситуации, вели Ампева.

Најголем број од пријавените фирми се од текстилната и кожарската индустрија, но има и приватни здравствени установи, карго услуги, автошколи, фирми кои се занимаваат со угостителски дејности, продавници и казина, пренесува фокус.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...