11.7 C
Ohrid
недела, декември 3, 2023
ПочетнаЗабаваАко сакате здраво и воспитано дете, однесувајте се како да сте сиромашни…

Ако сакате здраво и воспитано дете, однесувајте се како да сте сиромашни…

Ова е необичниот, но не и нелогичен совет кој го добил еден татко од педијатарот и решил да го сподели на Фејсбук: „Ако сакате детето да ви биде здраво, замислете дека сте сиромашни и однесувајте се така.

Дали ова ви звучи како мудрост или како глупост?

Да пробаме да го протолкуваме.

Дали ви изгледа како да се најздрави оние деца чии родители немаат многу пари, туку баш толку колку што е потребно да се преживее? Секако, ова не се однесува на децата кои страдаат од сериозни болести, туку на начин на живот на едно просечно семејство.

Пред сè, тука е исхраната. Што би купиле да сте сиромашни? Одговорот е јасен и логичен – просечни житарки, евтино сезонско овошје и зеленчук, помали количини месо, и тоа пилешко, евтина риба …

И кога ќе размислите, сето ова е многу подобро за здравјето на детето од различни пудинзи, од додавање колбаси во оброците и од домати среде февруари.

Денеска се доведува во прашање квалитетот на сите наведени производи, но сепак е веројатно подобро детето да изеде парче пилешко, отколку колбас. Исто така, веројатно е подобро да испие чаша кефир отколку некој магичен јогурт „збогатен“ со сè и сешто, или домашен мармалад намачкан на кришка озлогласен бел леб, отколку чоколадо.

Сигурно сфаќате што сакаме да кажеме, и што сакал дакаже педијатарот – Колку помалку пари имате, толку поедноставна храна купувате, а таа е подобра за здравјето.

Како да ги примениме зборовите на педијатарот и на облекувањето?

Секако, не сакам и не советувам никому да купува неквалитетна гардероба. Но колку помалку пари, толку помалку гардероба. Изгледа дека во овој дел мислел на здрави воспитување. Реално, кому му требаат 30 маички?

А што е со лековите?

Секако, лекарското мислење е најкомпетентно, но што прави сиромашен човек кога лекарот ќе му препорача 5 до 7 препарати за лекување настинка? Го сведува тој„пакет“ на минимум и на најважното. На пример, ќе го купи препишаниот антибиотик и сируп за температура, но најскапиот препорачан спреј за нос ќе го замени со природна инхалација, скапата крема за алергија, со поевтина, но проверена верзија…

И конечно, како се забавуваат сиромашните деца?

Ова е можеби и најдобро од сè! Сиромашниот родител не го носи детето во игротека кадешто ќе може да се зарази со некој вирус, туку за рака, и во парк, на бесплатна но и поздрава забава!

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата заплени автомобил, со вештачење и ДНК анализа ќе се проверува дали во него била Вања

Врз еден автомобил кој полицијата го заплени доцна синоќа се врши форензичка анализа. Целта е да се утврди дали е поврзан на било каков...

Исчезна 13 годишно девојче од Кочани. Пратила порака дека заминува во странство

Исчезна 13 годишно девојче од Кочани. Пратила порака дека заминува во странствоЗ.Н. (32) од Кочани пријавила исчезнување на нејзината 13 годишна ќерка. Според пријавеното,...

Приведени пет лица поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања

Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на 14 годишната Вања Ѓорчевска, истрагата има напредок но во интерес на истрагата...

Македонија ќе произведува дронови и малокалибарска муниција, ќе има една од најголемите, ако не и најголема фабрика за производство на муниција во југоисточна Европа

Македонија започнува со сериско производство на дронови, Инфомакс ексклузивно го дознава името на првиот македонски дрон!Македонија ќе произведува дронови и малокалибарска муниција, ќе има...