7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаНов удар за граѓаните: Горивата поскапуваат по два денара за литар

Нов удар за граѓаните: Горивата поскапуваат по два денара за литар

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 78,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 80,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) по 71 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,386 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,213 денари.

Како причина за новите малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за 4,856 отсто, кај дизелот за 4,802, кај екстра лесното масло за 4,821, и кај мазутот за 4,320 отсто, како и за 0,205 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...