13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаЗабаваДобриот индиски џин Кали: Роден во сиромашно семејство, но спортот му помогна...

Добриот индиски џин Кали: Роден во сиромашно семејство, но спортот му помогна да стане славна личност, па од првата борба си купи Телевизор.

Далип Синг Рана, познат по прекарот Големиот Кали, е роден во 1972 година и е висок дури 216 см. Тој е познат индиски актер, промотор на борење и поранешен професионален борач.

Големиот Кали е роден во сиромашно семејство, но спортот му помогна да стане славна личност. Животот и кариерата на индискиот гигант е вистинска авантура.Тој е роден во големо семејство со уште шест браќа и сестри. Констатирано му е ретко ендокрино заболување – акромегалија, кое се манифестира со прекумерен развој на сите екстремитети – глава, нос, уши, усни, екстремитети …

Беше познат по својата висина, не само по висината или физичката сила, туку и по добрата душа. Мештаните го почитувале поради неговата добрина и желба да им помогне на сите, а судбината сакала добриот џин на крајот да стекне огромна популарност.

 

Извесен период работел како сезонски работник, а потоа како обезбедување во кафеана, каде што бил забележан од поранешен полицаец од Пенџаб, кој бил изненаден од одговорноста со која си ја врши работата. Подоцна, самиот Кали во интервју изјави дека му пришол полицаец и го прашал зошто продолжува да работи, ако смената му завршила одамна.

Кали одговорил дека е многу поголем од другите луѓе и има потреба од двојно повеќе храна од другите, поради што работи подолго за да заработи повеќе. Во 1993 година, тој доби нова работа во полицијата во Пенџаб.

Овој настан ја промени неговата судбина, бидејќи началникот на полицијата го покани да стане спортист и го отвори патот кон светот на борењето. Кали тренираше во локална теретана и по некое време успеа да се прослави, за него се слушна не само во Индија, туку и во САД.

<iframe width=”750″ height=”450″ src=”https://www.youtube.com/embed/-d74grS19E8″ title=”YouTube video player” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; clipboard-write; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...