9.4 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаАстрономски“ сметки за струја добија граѓаните за декември, иако поскапувањето беше најавено...

Астрономски“ сметки за струја добија граѓаните за декември, иако поскапувањето беше најавено за месец јануар.

Иако најавеното поскапување на електричната енергија ќе биде пресметано во јануарските сметки за струја, граѓаните се жалат на „астрономски“ сметки за струја и за месец декември.

Граѓаните на социјалните мрежи ги споделуваат своите маки, со двојно, па дури и тројно повисоки сметки за струја. Оние кои реагирале до надлежните ги споделија своите искуства со цел да им помогнат и на други оштетени граѓани.

-ЕВН има должност само два пати годишно да ги чита струјомерите. Јас поучена од пред две години кога ми дојде сметка за струја од 12.000 денари, отидов во ЕВН во ГТЦ каде вработената ме подучи секој месец да го читам саатот и да им праќам на меил. Јас тоа го правам секој месец и имам точна сметка. Затоа имате високи сметки, затоа што не ги читаат струјомерите, па сега порамнуваат, споделува една скопјанка.

-Бидејќи нема никаква логика за толку висока сметка колку што ни дојде за плаќање, поднесовме рејламација и се утврди дека ни пресметале 800 киловати повеќе. Денес ни стигна корегирана сметка. Внимавајте на саатот и редовно проверувајте, за да не ги честите ЕВН, споделува друг граѓанин за своето искуство.

-Мое мислење е дека сметките за декември паушално ги пуштија бидејќи беа празници и сега се очекува порамнување во февруари или некој од следните месеци, вели еден граѓанин.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...