13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаЗабаваАнета Молика на свадба ја расплака српската пејачка Слаѓа Алегро кога ја...

Анета Молика на свадба ја расплака српската пејачка Слаѓа Алегро кога ја слушна како пее.

Пејачката Анета Мицевска, позната како Анета Молика, неодамна пееше на свадба во Скопје, заедно со српската пејачка Слаѓа Алегро. Двете дами пееја одделно, ама запеаја и заедно и направија одлична атмосфера. По настапот, Слаѓа на инстаграм-стори откри дека повторно се воодушевила од пеењето на Анета и призна дека се расплакала додека ја слушала како пее.

„На момент, ама само на момент заборавив колку си моќна. После минатата вечер, ми се вратија спомените, уште се сеќавам на вечерта кога се запознавме, кога ни го пееше токму ова и сите занемевме. Јас сега повторно занемев, влегов на вашиот канал на Јутјуб и вчудовидено го слушав секој тон, секој збор. Толку имам да кажам, а сакам сите да слушнат. Оние кои знаат што е музика, а знам дека сѐ уште ги има, иако понекогаш не се чини така, ако сакате да отпатувате негде, да замижите и срцето да ви затрепери, слушнете што има да каже оваа жена“, напиша Слаѓа.

За потсетување, Анета во јавноста важи за една од пејачките со најубав глас во Македонија. Таа долги години пее со групата „Молика“, каде што свири и нејзиниот маж Џими.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...