9.6 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаЕве колкава е воената моќ на Македонија?

Еве колкава е воената моќ на Македонија?

Русија и Украина сѐ повеќе се ближат кон воен конфликт, барем според извештаите на западните медиуми. Западот стравува дека Москва сака да постави проруска Влада во Киев.

Пресс24 вчера пишуваше како низ бројки изгледа воената сила на двете држави. Но изјавите на македонската министерка за одбрана Славјанка Петровска дека македонската Армија може да се вклучи во евентуален судир доколку тоа го побара НАТО и добие зелено светло од претседателот Пендаровски предизвикаа бура реакции во јавноста. Дури и руската амбасада е изненадена од нив.

Но, каква е воената моќ на македонската Армија, според податоците на „Global Firepower“. Македонија е рангирана на 134 место од вкупно 140 држави за кои овој веб сајт изготвува извештаи.

Во Македонија има вкупно 14.500 воени трупи. И тоа, според податоците прикажани на „Global Firepower“, 7.500 се активни, односно професионални војници, 3.000 се резервисти и 4.000 се паравоени трупи
Во делот на военото водухопловство, пак, Македонија има само 24 летала. И тоа, 10 се хеликоптери, 10 се летала за вежбање и тренинг, и четири се борбени хеликоптери. Сепак мора да се напомене дека на веб сајтот нема податоци за точниот тип на летала кои ги поседува македонската Армија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...