10.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаРегулаторна донесе одлука: Горивата повторно поскапуваат.

Регулаторна донесе одлука: Горивата повторно поскапуваат.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на
малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 % во однос на Одлуката од 24.1.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денари/литар,
додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се
зголемуваат за 0,50 денари/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,509 денар/килограм и сега ќе изнесува 44,722 ден/кг.

Од 1.2.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 71,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,722 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат
зголемување: кај бензинот за 1,601 %, кај дизелот за 0,766 % , кај екстра лесното масло за 0,086 % и кај мазутот
за 0,271 %.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...