2.8 C
Ohrid
понеделник, декември 11, 2023
ПочетнаЗабаваРоберт залудно ја викаше фотошоп барби: Погледнете какви убавици се сестрата и...

Роберт залудно ја викаше фотошоп барби: Погледнете какви убавици се сестрата и мајката на Агнеса.

Агнеса Органџиева, поранешната сопруга на Роберт Орданоски отворено во јавноста зборува за нејзиниот брак со екс-директрот на АЕК. Во последното интервју за ММС вели дека дури 80 осто од коментарите во јавноста се на нејзина страна.

Многу пораки добив на Инстаграм и треба да му се заблагодарам што ме направи актуелна. Веќе 20-30 илјади ме следат. И не може сите да ме сакаат, јас и тоа го разбирам. Во тие 20 проценти скоро сите се жени, кои никогаш во животот не биле на педикир или на маникир, не биле во салон никогаш. Смешен е што вели дека јас секој ден сум одела на фризер. А секој ден имало ручек и сум готвела. Но, да точно е дека излегувам од дома средена. Не ми пречи што ме нарече фотошоп барбика, ме знаат луѓето, јас си се знам себе си и не се замарам. Не ми пречи, тоа си е негово мислење.


А нормален маж за жена со која спиел заедно во кревет скоро 20 години нема да ја нарече така. Ако не пукнело сега, ќе пукнело за пет години. Извини, ама млада сум, имам само 37 години и сакам да се посветам на себе и децата. Многу убаво размислив за се, но не очекував дека ќе пишува глупости. Многу ниско од негова страна.

Сепак, сум му родила две деца. Што и да е тој треба да ме почитува како мајка на неговите деца. Ништо повеќе. И требаше да биде горд. Како што вели дека е школуван, требаше да постапи правилно и културно. До вчера спиел со мене. Сум му правела кафе, ручек, се што сакал, бил како крал дома. А негативните коментри, особено од жените многу ми се смешни. Жени што до Вардар не отишле. Затоа не се замарам. Разбирам дека имало и ќе има луѓе љубоморни и искомплексирани.


Јас сум таква и тоа е тоа. Ниту сум се сликала по гаќи, или нешто некултурно сум правела. Сите слики ми се културни и нормални. Децата никогаш не сум ги експонирала. Тој сето тоа контра го правеше. Не сум правела естетски корекции, сето тоа на мене е благодарејќи на гени. Семејно сме такви, вели Агнеса во интервјуто за ММС.

Овој пат на интернет се појави и фамилијарна фотографија на која позираат мајката и сестрата на Агнеса, мора да признаееме дека воопшто не личат како сестри но се навистина убави.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Телма на местото на злосторството – За првпат објавено местото каде Вања била закопана

Јавноста се уште не се смирува со реакции по смрта на Вања и Панче кои претходно беа киднапирани. За првпат Телма ТВ успеа да дојде...

Јован Митрески,новиот претседател на Сообрание?

Извори од вледејачката СДСМ брифираат дека претседателот на партијата Димитар Ковачевски, за во недела закажал состанок на раководството на СДСМ. Неофицијално се дознава дека на...

Вмро Дпмне веднаш го разреши претседателот на месниот комитет во Охридско, откако истит бил фатен од страна на полициските службеници како конзумира дрога.

Лицето А.Т по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет во Охридско соопштуваат од...

ЗАГИНА ЛОВЏИЈА ВО КИЧЕВСКО, по грешка застрелан со два истрели

Ловџија од кичевско денеска го загуби животот на лов, откако денеска околу 15 часот бил застрелан од друг ловџија во селото Бигор Доленци, дознава...