9.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаИнцидент во скопско училиште: Родителот сакал да присуствува на час, па бил...

Инцидент во скопско училиште: Родителот сакал да присуствува на час, па бил исфрлен со полиција

Полиција интервенирала во основното училиште „Љубен Лапе“ во скопската општина Аеродром, откако новоназначената наставничка по математика во шестите одделенија, не дозволувала родител да седи на часовите.

Откако родителите на учениците од шестите одделенија од ова училиште преку Советот на родители реагираше на однесувањето на дотогашната наставничка по математика, со цел таа да биде сменета, денеска соопштија дека било договорено родител да седи на часовите по математика, кои ги одржува друга наставничка.

– Денес, 3 февруари 2022 година, за време на бојкотот на часовите од страна на учениците од VI-2, VI-4 и VI-5 одделение кој е уредно најавен на училиштето, на класните раководители и стручната служба на училиштето и одобрен со согласност од сите родители на учениците од претходно наведените одделенија, друг предметен наставник по математика, колешка на наставничката против која е поведена постапка (а која е член на дисциплинската комисија), од неразбирливи причини за нас, а можеби познати за неа, свесно го попречи бојкотот, обраќајќи се на висок тон со упатување закани кон родителот кој бил уредно овластен од сите – соопштија од Советот на родители од ова училиште.

Пореакцијата на родителите на однесувањето на наставничката по математика која, според нив ги навредувала децата, оставка поднесе директорката Марјана Панчевска, најавен беше и инспекциски надзор од страна на Државниот просветен инспекторат и поставувен беше нов в.д. директор.

Родителите, сепак, одлучиле бојкотот на наставата/часовите по математика да продолжи се додека дотогашната наставничка по математика целосно се изземе од часовите. Одлучиле, како што велат, во соработка со надлежните родител да биде присутен со децата во просториите на училиштето завреме на бојкот.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...

Стојанче вели дека треба да остане директор, оти Мечките се буделе од зимскиот сон, а исто така иде сезона од пожари !!

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов смета дека треба да остане на директоркската функција бидејќи државата се наоѓа во специфична ситуација. -Талат Џафери е технички премиер....

Кривична против маж од кочанско, им се заканувал на полицајци преку Фејсбук

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.Р.(37) од село Облешево, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични...

Да не се чудиме зошто се однесуваат ЕУ и светот вака кон нас

❗️Важно е да не одите надвор без да постигнете консензус дома, оти во стартот сте послаби! Да не се чудиме зошто се однесуваат ЕУ...