8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаПочина Весна Најдоска, првата жена-возач на автобус во ЈСП

Почина Весна Најдоска, првата жена-возач на автобус во ЈСП

На 50-годишна возраст почина Весна Најдоска, професионален возач во ЈСП, а пријателите и колегите на социјалните мрежи се простуваат од неа, објави Фокус.

Пораките кои ги оставаат блиските сведочат за неа како прекрасна жена, но и неверојатен возач, која големиот дел од животот го минала зад воланот на автобусот.

Синот на Весна, Мартин, за Фокус открива дека неговата мајка ја имала љубовта кон возењето од млади години. Аплицирала за возач на автобус во ЈСП уште на свои 22 години, но била одбиена.

-Кога ја виделе, млада,на околу 22- 23 години, плус и женско, во тоа време, ја одбиле. Но љубовта кон возењето и останала, па таа подоцна пак аплицираше и беше примена на работа како возач. Мајка ми е помеѓу првите жени возачи во ЈСП. Има многу анегдоти од нејзината работа. На почеток, кога ќе ја виделе патниците, некои од нив дури и не се качувале во автобусот, бидејќи се плашеле. -Ај леле, женско ли ќе не вози, викале, но потоа, со тек на време, кога ја запознале и увиделе дека е одличен возач, без проблем влегувале во автобус, дури и штом ќе ја виделе, знаеле да кажат – Ах, еве иде Шумахер- се присетува синот на Весна.

Најдеска во 2011 година ги урна стереотипите за жени-шофери и како единствена претставничка од понежниот пол меѓу 120 пријавени возачи, го освои вицешампионското место на европското првенство за вешто возење автобуси во Софија.

„Со упорност и многу љубов и се оствари желбата да биде возач на автобус и тоа го правеше посветено до крајот на животот. На 28-ми јануари наполни 50 години, по два дена почина од Ковид-19. Ни остави само убави спомени нам,на билсиките, но и на патниците кои многу ја сакаа, на колегите од ЈСП кои ја ценеа… Се сеќавам дека пред неколку години таа беше во соседна Бугарија, на интернационален натпревар во возење на автобус. Беше единствена жена учесничка, но сепак успеа да освои прво место. Никогаш нема да биде заборавена“, вели Мартин.
Извор: Фокус

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна навреме и без проблеми

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат...

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...

Боки 13: Сакам Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...