12.9 C
Ohrid
среда, мај 21, 2025
ПочетнаМакедонијаСлавијанка: Досега од нашата Армија не е побарано да учествува во Војна.

Славијанка: Досега од нашата Армија не е побарано да учествува во Војна.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Досега од нашата Армија не е побарано учество во никаков воен конфликт. Армијата, односно Министерството за одбрана и безбедносните сили ќе ги следат одлуките на НАТО, при што потсетувам дека како земја членка на Алијансата рамноправно учествуваме во донесување на одлуките, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во врска со можноста наши војници да бидат вклучени во евентуален украинско-руски конфликт.

<

Таа додаде дека проценките во врска со идните активности се тајни и се во структурата на НАТО, односно се во степен на класифицираност. НАТО, како што рече, има цел да ги штити териториите на државите во Алијансата и додаде дека нашата држава ја поддржува позицијата на НАТО и врз основа на тоа ги насочува воените активности.

– Ги следиме насоките на НАТО. Веќе учествуваме во механизмите и нема да бидеме изненадени од одлуката. Сепак примерот со македонските војници е јасен – не можеме да навлеземе на територија на држава која не припаѓа на НАТО, во случајов Украина – појасни Петровска.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сопственици на ресторан од Прилеп, донираа машина за перење во прилепската болница

Сопствениците на еден од најдобрите ресторани во Прилеп, ресторанот BEER TI & JA, денеска донираа машина за перење и хигиенски средства, за потребите на...

Ѓорѓиевски со нов проект: Бесплатна полуматурска прослава за сите деветоодделенци во Кисела Вода

Кисела Вода воведува нов концепт за одбележување на полуматурата, кој за првпат во Македонија обезбедува бесплатна и заедничка прослава за сите ученици од деветто...

Беким Максути останува во притвор за кочанската трагедија.

Притворот на Беким Максути, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување, еден од обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочан, е продолжен...

Македонските инженери бараат објаснување од ЕВН кој и како ја пресметува струјата

Ве известуваме дека упативме Барање за доставување на податоци согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија до компанијата ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, како...