5 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаЈавната Администрација бара да се зголемaт нивните плати- Со 18.000 денари само...

Јавната Администрација бара да се зголемaт нивните плати- Со 18.000 денари само ќе ги изедначат со хигиеничарите.

Ништо не се реализираше од најавите за двосменско работење на државната администрација која работи со граѓаните. – Подрачно одделение на Управата за водење матични книги во бараките на Општина Кисела Вода.

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) вели дека Владата ги омаловажува и понижува своите вработени и го зголемува процентот на вработени кои примаат минимална плата во државата со одлуката за зголемување на минималната плата од 15 на 18 илјади денари.

Од УПОЗ велат и дека со новата минимална плата, цела категорија вработени во администрацијата кои досега биле барем малку над минималната плата сега ќе примаат минимална плата, иако во реалноста платите на таа категорија вработени ќе останат исти како досега.

„Со новата вредност на минималната плата Владата за првпат во историјата на Македонија ќе направи цела категорија вработени во администрацијата кои досега беа барем малку над минималната плата сега да примат минимална плата. Со самото тоа Владата прво ги омаловажува и понижува своите вработени и второ го зголемува процентот на вработени кои примаат минимална плата во државата од 13.8% на скоро 18%“, велат од УПОЗ.

Водејќи се по таа логика, УПОЗ бара скалесто да се зголемат и платите на вработените во државната администрација за да не се случи, не дај Боже, некој вработен во администрацијата да биде на минимална плата од 18 илјади, бидејќи, според УПОЗ, тоа е понижување.

Доколку не се исполни нивното барање, од УПОЗ се закануваат дека ќе организираат протести и блокирање на работа на одредени институции.

До ваквата ситуација е дојдено, според УПОЗ, затоа што Владата ја зголемила минималната плата за, како што велат од УПОЗ, неверојатни 120%, а платите во администрацијата и правосудството од 2012 досега се зголемени за 9 или 10%.

Државната администрација, која работи со граѓаните, требаше да работи во две смени од 7 до 21.30 со одлука на Владата од септември 2017 година, но од двосменско работење се случи само двосменско работење по 4 часа како мерка за намалување на ширењето на коронавирусот. Дополнително, во голем дел од пандемијата, администрацијата воопшто не одеше на работа.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...