6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСакаат да го избркаат од работа Македонскиот тренер Антонио Ристевски, бидеќи три...

Сакаат да го избркаат од работа Македонскиот тренер Антонио Ристевски, бидеќи три дена не оправдал отсуство

Антонио Ристевски, кој како тренер на македонскиот скијач Дердан Дехари се наоѓа на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, вели дека добил закана за отказ од Скијачката федерација на Македонија зашто веќе десетина дена не дошол на работа. Тој преку Фејсбук се обрати до јавноста, тврдејќи дека целта на Скијачката федерација е да го отстранат од спортот.

Почитуван господин Ристевски! Во периодот од 31 јануари 2022 до денес се немате јавено на работа. Ве молиме писмено да нè известите за причините за вашето отсуство до петок, 11 февруари 2022“, стои во мејлот што Ристевски синоќа го примил од претседателот на Федерацијата Огњан Циговски, а го сподели на Фејсбук.

Ристевски му порача на Циговски дека можат да го избркаат од работа, но никогаш нема да му ја одземат спортската душа.

„Јас како најдобриот македонски алпски скијач и олимпиец на сите времиња, со кариера од повеќе од 20 години, доживеав да се правдам за тоа што сум тренер на најдобрите македонски алпски скијачи, кои оваа сезона покажаа одлични резултати поради кои заедно допатувавме во Пекинг. Замислете, целата јавност знае дека сме на ЗОИ, само г-дин Огњан Циговски не знае! Огорчен сум, 11 месеци трпам тортура, а надлежните државни институции се неми за нечие самовластие“, напиша Ристевски на Фејсбук и додаде:

„Целата оваа фарса против мене, мојот клуб и мојата должност како главен тренер на алпските репрезентации во Скијачката федерација е јасна: сакаат да ме отстранат од спортот. Едноставно, мојот спортски габарит е преголем за нечија неспособност и малодушност. Јас бев и сум на ЗОИ во Пекинг заедно со Дардан, каде што гордо и достоинствено ја претставуваме нашата држава“.

Дардан Дехари, сепак, нема да настапи на ЗОИ во Пекинг, откако на тренинг тешко го повредил коленото и мора да оди на операција.
СдкМк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...