13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаСветДоговорот се подалеку- Путин му рекол на Бајден дека неговите замисли и...

Договорот се подалеку- Путин му рекол на Бајден дека неговите замисли и натаму не одговараат на руските барања

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор во саботата со американскиот претседател Џо Бајден на соговорникот му рекол дека Москва ќе ги разгледа идеите коишто ги изнел а се однесуваат на решавањате на безбедностните барања на Русија, но дека тие и натаму не се занимаваат со клучните проблеми, соопшти Кремљ.

Путин и Бајден разговараа телефонски среде тензиите појавени поради разместувањето на руските војски во близина на границата со Украина, што ги поттикна обвинувањата од САД и НАТО дека е можна наводна скора инвазија врз соседната земја, но Русија повеќепати досега ги демантираше таквите намери.

На конферинцијата за новинарите акредитирани во Кремљ, советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, телефонскиот разговор на двајцата челници ги опиша како „деловен разговор“, но додаде дека во неговатра заднина стои „хистеријата“ која се развила на Западот во однос на наводен потенцијален руски напад, за којашто рече дека е апсурдна, пренесе агенцијата РИА.

Ушаков на новинарите им кажал и дека Бајден побарал разговорот да се одржи во саботата како одговор на сѐ поголемата „хистерија“.

„Бајден, како и што предвидовме, спомена можни остри санкци против Русија во контекстот на напнатата ситуација во врска со Украина, но тие не беа во фокусот на неговиот доста долг разговор со рускиот претседател“, рекол Ушаков.

Додал дека Бајден изнел низа предлози коишто би придонеле за решавање низа безбедностни барањеа кои Русија ги побара од САД и НАТО кон крајот на минатата година, вклучително и ветот за прием на Украина и Грузија во Алијансата.

„Веднаш морам да истакнам дека рускиот претседател рече дека руската страна внимателно ќе ги анализира предолзите коишто ги изнесе Бајден, како и дека без никакво сомневање ќе ги земе предвид“, рекол Ушаков.

Но рекол и дека „овие предолози, за жал, не ги допираат централните, клучни елементи на руските иницијативи“ и дека Бајден всушност главно ги повторил идеите коишто веќе ги изнеле САД и НАТО како одговор на руските безбедносни предлози изнесени писмено на 26-ти јануари, еден месец по предлог-договорот кој го испрати Русија. Додал и дека Русија практично завршила со составувањето на одговорот на тие противпредлози и дека наскоро ќе ги објави.

Путин во разговорот на Бајден ми кажал дека Западот не врши доволен притисок врз Украина кога станува збор за спроведување на мировните договори од Минск за судирот во источна Украина, рекол Ушаков.

Известувајќи за разговорот на двајцата челници, висок американски функционери рекол дека Бајден го предупредил Путин дека рускиот напад врз Украина ќе предизвика „решителен и брз одговор“ од Западот и истовреме ќе предизвика „патење на многу“ и „ќе наштети на угледот“ на Русија во светот, пренесува Reuters.

Функциоенр од администрацијата на американскиот претседател рекол дека разговорот на Бајден и Путин бил „професионален и содржаен“, но дека „немало некои позначајни промени во ставови“.

Додал дека двајцата претседатела директно разговарале за сите прашања коишто САД јавно ги отвориле. Рекол и дека е „нејасно“ дали Путин е „подготвен да оди по дипломатски пат“.

Претходно во саботата американскиот Стејт департмент на повеќето слуќбеници во американската амбасада бо Киев им нареди да ја напуштат Украина, а уште во петокот на американските државјани им советуваше да ја напуштат земјата во рок од 48 часа. Повеќе западни земји ги следеа ваквите активности на Вашингтон и дадоа препораки за своите граѓани да ја напуштат Украина, а Израел, Португалија, Бугарија и Хрватска тоа го сторија во саботата попладнето.

Но тоа не го стори и Франција, а Москва најави дека ќе го „оптимизира“ својот дипломатски персонал на одредено време откако „заклучиле дека американските и британските колеги очигледно се свесни за одредени акции коишто се подготвуваат во Украина а коишто би можеле значително да ја закомпликуваат ситуацијата во сферата на безбедностапоради можни“. Руското министерство за надворешни работи ја појасни ваквата одлука со обвинување на западните земји дека „шират лаги за да го одвратат вниманието од сопствените дела“ кои можат да предизвикаат „провокација“ од Киев.

Во одвоен телефонски разговор претходно во саботата, францускиот претседател Емануел Макрон на рускиот претседател Владимир Путин дека искрениот дијалог е неспоив о ескалација на тензиите во однос на Украина.

Претставник на Елисејската палата, рекол дека од она што Путин му го кажал на Макрон, „нема сигнмали дека Русија подготвува напад“, пренесе AFP.

САД во петокот објавија дека наводната руска инвазија врз Украина, којашто би започнала веројатно со воздушен напад, би можела да започне во секој момент. Русија повеќепати ја негирапше верзијата на настаните каква што ја претставува Вашингтон велејќи дека во близина на украинската граница разместила наводно повеќе од 100.000 војници, е за нејзина безбедност поради разместување на украинските војски во зоната на раздвојување со проруските милиции на истокот од земјата и поради зголеменото присуство на западни единици и воена опрема во Украина.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...