13.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаСветВМР БНД донесе одлука : Признавање на историската вистина и бугарските корени...

ВМР БНД донесе одлука : Признавање на историската вистина и бугарските корени па федерација со Бугарија па потоа Европа

На 8. Конгрес на ВМРО – Бугарско национално движење, што се одржа вчера во Софија, донесена е декларација во која се наведува Бугарија и Македонија имаат заедничко историско и културно наследство и патот на иднината е да формираат федерација.

Декларацијата на партијата има 14 точки со приоритети за кои гарант е ВМРО-БНД, а меѓу нив се безбедноста, образованието, здравството и пристапот до културата за сите Бугари; енергетска независност преку изградба на нови капацитети (вклучувајќи нуклеарни); функционална економија и правични правила за бизнисот; уставни измени кои гарантираат зголемени претседателски овластувања, мајоризација и директна консултација со народот; забрана за гласање за неписмени и непочитување на обврските кон државата; немешањето на невладините организации финансирани од странство во политичките, верските и образовните работи на нашата земја и друго.

Точката 14 е целосно фокусирана на политиката на Бугарија кон Македонија. Во неа пишува дека интеграцијата на РСМ оди преку признавање на историската вистина, бугарските корени на денешното население и заштитата на неговите права. Затоа, како ѓто се наведува, ВМРО-БНД ги повикува владите и политичките организации во Бугарија и во РСМ да воспостават федерација меѓу двете земји „врз основа на нашето заедничко културно и историско наследство и нашите заеднички геополитички интереси“.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни...

Грк починал во казино во Битола.

Лекар од Итна медицинска помош Битола вчера во 18.30 часот во СВР Битола пријавил дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил...

79-годишен дедо натепал полицаец во Куманово

79-годишен кумановец нападнал полицаец во Куманово кој бил на службена должност. – На 23.04.2024 година во 11.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го...

Македонија му е во срцето: Ова е внукот на Јане Сандански

На собирот во Мелник пред неколку денови имаше стотици присутни Македонци.Меѓу нив беше и внукот на Јане Сандански. Тој вели дека Македонија му е...