14.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаХелсиншкиот комитет за човекови права очекува ослободителна пресуда за Пале Илоска и...

Хелсиншкиот комитет за човекови права очекува ослободителна пресуда за Пале Илоска и одговорност од полицајците кои штителе колега – Насилник

Денеска се одржа главната расправа од судењето на Пале Иловска, која лани со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер, полицаец од Велес. Исказите на вештаците и сведоците покажаа дека беа оправдани настојувањата на Хелсиншкиот комитет за човекови права и други граѓански организации за промена на обвинението од ,,убиство на миг’’ во дело сторено во самоодбрана.

Од она што беше презентирано во судницата, оценуваме дека огромна одговорност во овој случај сноси СВР Велес. Сведочењата потврдија дека починатиот во многу наврати бил пријавуван за насилство кон партнерката со која живеел, од страна на членови на нивните семејства и од соседите, но полицијата никогаш не дошла, ниту постапила. Инаку, на дописот на Хелсиншкиот комитет до СВР Велес, со кои беа побарани информации поврзани со случајот, беше добиен одговор дека воопшто немало пријави за насилство. Сето ова буди основан сомнеж дека полицијата се ставила во заштита на својот насилен колега и со своето непостапување против него, придонела за трагичниот тек и исход на настаните. Со оглед дека непостапувањето на надлежните органи е една од главните системски слабости во справувањето со семејното и родово базираното насилство, Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе инсистира на одговорност од инволвираните полициски службеници.

Утре во Основниот суд Велес ќе биде изречена пресуда за овој случај. Со оглед на изнесените докази на главната расправа, очекуваме судот по службена должност да го преквалификува делото во ,,нужна одбрана’’.
Стои во соопштението на Хелсиншкиот комитет за човекови права

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таравари: По долги години ДУИ конечно оди во опозиција

Кандидатот за претседател од редовите на албанската „Вреди“, Арбен Таравари на првата прес – конференција по затворањето на гласачките места порача дека очекува на...

На 20% пребројани гласови – Гордана 44,71%, Стево 19,09%

На 20% на ниво на Македонија, пребројаните гласови се вака: Гордана Сиљановска Давкова 64.929 44.71% Стево Пендаровски 27.728 19.09% Бујар ОСмани 18.896 13% Арбен Таравари 12.916 8.5% Максим...

На 5% обработени на ниво на Македонија: ВМРО ДПМНЕ води со двојна разлика !!!

На 5% обработени на ниво на Македонија: Гордана 7.782 Бујар 3.428 Стево 3.402 Арбен 1.906 Максим 1.384 Билјана 916 Стевчо 131

Дијаспората гласаше: Силјановска-Давкова со двојно повеќе гласови од Пендаровски

Според податоците од Дипломатско конзуларните претставништва, без САД и Канада, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на седмите Претседателски избори има освоено 359 гласови од...