11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаСудијата Панчевски излегува од затвор

Судијата Панчевски излегува од затвор

Поранешниот судија и претседател на Основниот кривичен суд во Скопје, Владимир Панчевски, денеска треба да излезе од затвор откако Врховниот суд ја укина пресудата на Апелацискиот суд од Скопје.

Врховниот суд, по спроведено вонредно преиспитување на пресудите на Основниот суд во Велес и на Апелациониот суд во Скопје, донел решение со кое се укинува правосилната пресуда и случајот го враќа на повторно одлучување. Во одлуката која Врховен ја донел се констатира дека барањето на одбраната е основано односно дека му е повредено правото на одбрана на Панчевски, бидејќи кога судиите од Апелација одлучувале за жалбата не го повикале на седницата, односно таа не била јавна.

Во затворот во Шутка е примено решението на Врховниот суд и во текот на денов Панчевски треба да биде пуштен на слобода.

Панчевски имаше правосилна пресуда и пред две недели сам се пријави на издржување на казната. На Панчевски прво велешкиот суд му изрече затворска казна од 3,6 години, а Апелација му ја намали на 2,6 години затвор. Беше прогласен за виновен за злоупотреба на системот за распределба судски предмети АКМИС.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...