6.9 C
Ohrid
четврток, април 18, 2024
ПочетнаМакедонијаМожеби помислил дека е за Корона?!- Мерко купил Антивирус за 6 400...

Можеби помислил дека е за Корона?!- Мерко купил Антивирус за 6 400 евра, иако компјутерите имале антивирусна програма ”Касперски”!!!

Лани Мерко купил нов антивирус за 6.400 евра, иако општина Струга веќе го користела доверливиот Касперски, открива порталот Инфошќип.

Во декември минатата година, во еден од последните тендери за 2021 година, општина Струга, предводена од градоначалникот Рамиз Мерко, купил лиценци за антивирус во вредност од 393.750 денари, или околу 6.400 евра, открива порталот Инфошќип.

Базата на податоци за јавни набавки покажува дека општина Струга на 21 декември склучила договор за купување 150 лиценци за антивирус од фирмата „Јонгис“ од Охрид. На тендерот е прецизирано дека компанијата за која станува збор мора да инсталира антивирус на компјутерите на општината. Во тендерот е прецизирано и дека во моментов општина Струга користи антивирус „Касперски ендпоинт секјурити“ и дека фирмата што го добила тендерот мора да го деинсталира тековниот софтвер и да инсталира нов софтвер, без да се специфицира каков модел на антивирус ќе се инсталира.

„На пазарот има десетици поевтини, па дури и бесплатни антивирусни софтвери, но и актуелниот антивирус Касперски, што го користи општина Струга, е меѓу најпознатите и најдоверливите антивирусни програми на пазарот. Меѓутоа, Општина Струга нашла за сходно да не го користи повеќе и да објави нов тендер, кој ќе ги чини даночните обврзници дури 393.750 денари, или 6400 евра“, коментира Инфошќип

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони. Тоа беше направено во содејство со службите од кои...

Грејната сезона во Македонија продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека...

Скафандерот стана дел од мене, уште го чувам – вели Костадиновска-Стојчевска

Тој скафандер стана дел од мене, го чувам и ќе ми дозволите да ви кажам од кои причини го чувам. Јас бев две години...

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...