7.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Повикувам граѓаните да се откажат од КОЦКАЊЕТО..

Мицкоски: Повикувам граѓаните да се откажат од КОЦКАЊЕТО..

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и градоначалникот и Биљал Касами по денешната средба во Тетово изразија поддршка за Движењето „Антикоцкање” и порачаа дека се залагаат за, како што рекоа, спас од коцкање и игрите на среќа.

За Касами и Мицкоски, коцкањето е порок и не е добредојден во општеството.

-Ние како политичка партија и локална власт сме заинтересирани да се тргнат сите вакви бизнис активности од територија на Општина Тетово. Сигурно треба со закон тоа да се регулира, како ќе бидат организирани овие активности, како е во некои други држави, се да биде онлајн или да бидат во одредени места со одредени услови. Ваквот начин на живеење на некои луѓе мора да го тргнеме од нашите деца, од луѓе кои имаат изгубено богатство само ради тоа што на секоја улица има казина, истакна Касами.

Мицкоски потсети дека ВМРО-ДПМНЕ е конзервативна партија.

-Му препорачувам на секој човек да се одвикне од таков порок што влијае на менталното и физичкото здравје. Ние сме конзервативна партија и ги почитуваме тие вредности. Морам да напоменам дека има политичари кои користат вакви оправдувања, а во позадина имаат силни бизнис интереси, истакна Христијан Мицкоски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...