8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаФилипче: Не сум барал обезбедување, ниту имам закани- АНБ процениле дека треба...

Филипче: Не сум барал обезбедување, ниту имам закани- АНБ процениле дека треба да имам обезбедување 6 месеци

Поранешниот министер за здравствот, Венко Филипче ќе има лично обезбедување иако веќе не е министер за здравство, потврдија од Министерството за внатрешни работи за Фокус.

Како што објаснуваат од таму членови на владата може да имаат обезбедување и по престанокот на функцијата според направена безбедносна проценка.

Обезбедувањето на личностите е регулирано со Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување врз основа на која Министерството за внатрешни работи во рамките на својата надлежност презема мерки и активности за обезбедување на највисоките претставници на органите на државна власт.

Во контекст на наведеното, определени се мерки и активности за обезбедување на тогашниот министер за здравство Г.Венко Филипче.

Врз основа на член 6 став 3 од Уредбата, може да се определат мерки за обезбедување по престанокот на функцијата на членови на Владата на Република Северна Македонија. Г-динот Филипче во моментов има обезбедување од МВР, кое му е определено врз основа на безбедносна проценка, обајснуваат од МВР за Фокус.

Филипче за Фокус вели дека не е точно дека имал смртни закани, но потврдува дека ќе има обезбедување.

-Не е вистина дека сум имал закани по живот, ниту дека сум барал обезбедување и возач. Обезбедувањето ми е продолжено според проценка на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на уште шест месеци, вели Филипче за Фокус.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...

Боки 13: Сакам Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...

Малолетен учник претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае.

Малолетен учник под 14 години претепал наставничка во скопското основно училиште Димо Хаџи Димов во Влае. Насилниот ученик најпрвин нападнал неколку деца, а кога наставничката...