14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаПетков го исече Ковачевски од фотографијата со Блинкен

Петков го исече Ковачевски од фотографијата со Блинкен

Повеќе бугарски медиуми вечерва ја објавија веста дека премиерот на Бугарија Кирил Петков го отстранил од заедничката фотографија со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и државниот секретар на САД Ентони Блинкен од нивната средба на Минхенската безбедносна конференција. Повеќето медиуми во насловот на веста напишаа: Зошто Петков го исече Ковачевски?

Во веста што ја објавуваат повеќе портали во Бугарија се потсетува дека фотографијата со Блинкен прв ја објави Ковачевски и дека напишал дека имале срдечна средба со државниот секретар на САД и дека „Блинкен ја изрази својата целосна поддршка за дијалогот и пријателството меѓу Северна Македонија и Бугарија и ја сподели својата искрена желба да нѐ види заедно во ЕУ“.Неколку часа подоцна, пишуваат бугарските медиуми, Петков објави фотографија од која „исчезнал“ Ковачевски. Петков под фотографијата напишал дека елиминирањето на корупцијата е основен приоритет и дека „ќе работиме заедно за да се справиме со проблемот“. Во групната пак објава преку социјалнитге мрежи тој поместил и фотографии од средбите со британскиот премиер Џонсон и францускиот претседател Макрон.

Медиумите забележуваат дека за средбата на Блинкен со Петков и Ковачевски „засега не известил Вашингтон“, поради што е нејасно дали можеби станува збор за случајна средба на која се разменети неколку мислења.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...