14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаСе реши мистеријата: Исечениот Ковачевски бил ненамерна грешка?!

Се реши мистеријата: Исечениот Ковачевски бил ненамерна грешка?!

Откако му остана само ракавот на сликата со Петков и Блинкен, јавноста се прашува дали се работи за непочитување на Петков кон Ковачевски со скандалозно ретуширање на фактите или за несмасен потег на неговиот пи ар тим? Премиерот сака да верува дека се работи за второто.

Официјално соопштение на прес-службата на бугарската влада нема. Оттаму единствено за Нова.бг изјавиле дека „кадрите се направени од фотографи на самиот форум, а доколку фотографијата била изменета, можеби тоа се случило ненамерно во прес-центарот на кабинетот”.

Целата фотографија првин ја објави Ковачевски на Фејсбук завчера и напиша дека имал срдечна средба со државниот секретар на САД Ентони Блинкен. Веднаш потоа, бугарскиот премиер објави исечена верзија на сликата, од која Ковачевски мистериозно исчезна.Тоа што употребил дигитален скалпел, но не и фотошоп, па се гледа ракавот на Ковачевски, предизвика реакции и кај бугарската и кај македонската јавност дека Петков сака да си го присвои Блинкен.

Бугарскиот премиер денеска се обиде да ги смири реакциите со нова објава на фејсбук:

„Замислете како граѓаните на Република Бугарија и Република Северна Македонија уживаат меѓусебно почитување, почитување на нивните права и просперитет. Јас и Димитар веруваме дека тоа е можно, и нема да подлегнеме на провокации, туку ќе работиме намерно и заедно да го постигнеме тоа. И на сите злонамерни земји можам само да им кажам: нема да не спречите!“

Но, и ова бугарската јавност го дочека со доза на хумор. „Следниот пат просто не го сечи од сликите и се` ќе биде во ред„.

Далиборка Демјанска Цветановска

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...