6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаКовачевски после исечената фотографија: Сакам да верувам дека пропустот со фотографијата е...

Ковачевски после исечената фотографија: Сакам да верувам дека пропустот со фотографијата е ненамерен

Премиерот Димитар Ковачевски денеска пред новинарите рече дека верува во искреноста на прес-службата на бугарскиот Министерски совет, од каде што како ненамерен пропуст го опишаа неговото отстранување од заедничката фотографија со бугарскиот шеф на владата Кирил Петков и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

– Веќе имаше вчера изјава од прес-службата на бугарската влада дека се работи за ненамерен пропуст. Јас и премиерот Петков со нашите делегации имавме навистина одлична комуникација во рамки на Минхенската безбедносна конференција и сакам да верувам дека одговорот кој што е даден од бугарската страна е тој кој што е вистинскиот, рече Ковачевски.

Тој додаде дека преговорите со бугарската страна се водат во духот на европските вредности и дека нема да оствари лидерска средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Доколку единствено се зборува за предвремени парламентарни избори, нема да има таква средба. Избори ќе има во 2024. Во овој момент е потребно лидерство за големите предизвици – енергетската криза, здравствената криза, ценовната инфлација која е транзиторна, и тоа се темите на кои треба да разговараме, наведе тој.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...