8.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаИ по три деноноќија интензивна потрага, се уште нема ни трага од...

И по три деноноќија интензивна потрага, се уште нема ни трага од малиот Петар

И по три деноноќија интензивна потрага, се уште нема ни трага од малиот Петар –
Изминува и третото деноноќие, а во потрагата по малиот Петар Џобоски нема никаков напредок. 10-годишното момче се уште никаде го нема. Вчера и утринава, неговите родители неколкупати биле на распит кај надлежните институции, со цел да се откријат причините кои довеле до тоа детето, кое инаку е со посебни потреби, да се оддалечи од дворот во с. Врбско, мариовско.
„Ме викнаа и в Полиција, и кај Народниот правобранител, да им кажам како и што се случи пред да го снема Петар. Им кажав дека двете деца бараа да си одат во Прилеп, да гледале телевизија, цртани. Мајка им им рече да се стрпат оти имаме уште работа. По мое, си велам дека Петар можно е да заминал оти сакал да си оди Прилеп. Затоа јас веднаш тргнав по патот да го барам, ама, ништо, не го најдов. Ова е планина, пуста пустелија е, има и диви животни…не знам што да мислам веќе. Сега ќе се вратам и јас пак таму, пак да бараме, иако сега има многу снег таму и тешко се оди дотаму, не знам дали ќе успееме да се искачиме“, – со растрепен и премален глас ни изјави по телефон, таткото на млаиот Петар, Стојан Џобоски.
Во меѓувреме, со оглед на тоа што веќе поминаа 48 часа од исчезнувањето на детето, сега со акцијата за неговото пронаоѓање координира Полицијата.
„Во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон, а во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, Ловното друштво „Мукос“- Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови. Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето. Поради големиот интерес на граѓани кои сакаат да се вклучат во потрагата, а со цел подобра координација, ги упатуваме да се јават на телефонскиот број на дежурната служба во с. Витолиште, 071 268-594“, стои во соопштението од СВР Битола.
Според Дарко Неданоски пак, од Спасителната служба „Златоврв“, утре, во потрагата треба да се приклучат и доброволци од Струмица кои имале професионални теренски џипови, а кои се повеќе од неопходни заради опасниот и тешко пристапниот, а сега веќе и со снег покриен терен.
„Таму има и стари рударски окна од поранешната фабрика „Партизан“, можеби ќе треба да ги пребараме и нив“, – ни рече Неданоски.
Инаку, како што веќе е познато, малиот Петар е дете со посебни потреби кое нема многу доверба во непознати луѓе. Тој има уште двајца браќа и три сестри. Во моментот на исчезнувањето Петар бил заедно со своето три-години помало братче, кое е и најмалото во семејството. Според таткото, и порано се случувало, Петар незабележано да го напушти домот во Прилеп, но за среќа, секогаш бил пронаоѓан.
Каролина Дурло

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...