8.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаОткако признаа вина Протуѓер доби условна казна а Јанакиески и Јанкулоска осудени...

Откако признаа вина Протуѓер доби условна казна а Јанакиески и Јанкулоска осудени на 4,5 и 2,5 години затвор.

Откако на 11 февруари признаа вина за дел од кривичните дела за кои се обвинети во најголемиот предмет на поранешното СЈО „Титаник” за манипулации во над три изборни циклуси, судијата Осман Шабани од Основниот кривичен суд Скопје денеска им изрече затворски казни на Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, додека Мартин Протоѓер доби условна казна затвор од две години, колку што доби и Билјана Бришковска-Бошковски.

Миле Јанакиески доби најголема казна – 4,5 години затвор. Коста Митровски е казнет со тригодишна затворска казна. Гордана Јанкулоска е осудена на единствена казна од 2,5 години затвор. Мунир Пепиќ доби една година затвор. Киро Тодоровски, поранешен шеф на кабинетот на Јанкулоска, доби условна казна од две години, исто како и Катерина Веловска.

Виновни се за злосторничко здружување формирано од Никола Груевски за изборни нерегуларности во 2011 и во 2013 година за парламентарни и локални избори.

Судијата Шабани во судницата читаше одделно што правеле обвинетите: кражба на лични податоци на граѓани за да ги присилуваат граѓаните да гласаат, некои да не гласаат, па им се заканувале на денот на избори да не излегуваат да гласаат, други ги терале да донираат незаконски за партијата, трети краделе избирачки материјали ..

Но, тој изненади кога долго време ги читаше увезените гласачи од Пустец и помал дел од Косово по име и презиме, сите до еден 625 лица.
Сдк.Мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна навреме и без проблеми

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, можат да гласаат...

Не го издржа притисокот: Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники...

Универзална сала не е осигурана, осигурана е фирмата што ја реконструира салата

Не е точно дека Универзална сала е осигурана туку осигурана е фирмата која ја изведува реконструкцијата на салата во осигурителната компанија Еуролинк, а изјавата...

Боки 13: Сакам Лила да ја плукнам, ама не, мојата плунка е повредна од неа !!!

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би...