6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаСветСе продава Челси за 3,6 милијарди евра, парите ќе бидат наменети за...

Се продава Челси за 3,6 милијарди евра, парите ќе бидат наменети за помош на настраданите во Украина

Сопственикот на Челси, Роман Абрамович вечерва и официјално потврди дека клубот оди на продажба по последните случувања и притисокот од јавноста во Велика Британија. Профитот од продажбата Русинот ќе го донира во хуманитарни цели за помош на Украина.

Абрамович го купи клубот во 2003 година за 150 милиони евра, а сега ќе бара 3,6 милијарди за продажба на истиот. Под негово водство „сините“ станаа еден од најмоќните европски клубови и освоија 21 трофеј. Сега тој е приморан да го прoдаде клубот поради инвазијата на Русија во Украина, пишува Телма Тв.

„Поради актуелната ситуација донесов одлука да го продадам Челси, бидејќи верувам дека овој чекор е во најдобар интерес на клубот, навивачите, вработените, како и спонзорите“, рече рускиот милијардер во соопштението.

Тој најави дека целиот профит од продажбата на Челси ќе оди во хуманитарни цели за помош на Украина.

„Ова никогаш не го гледав како бизнис или за пари, туку поради чиста пасија кон фудбалот и клубот. Им наредив на моите луѓе да формираат хуманитарна организација, каде целиот профит од продажбата ќе биде дониран. Оваа фондација ќе биде наменета за помош на жртвите од војната во Украина“, додаде Абрамович.

Според шпекулациите во англиските медиуми, веќе има четири понуди за купување на премиерлигашот. Абрамович планира целосно да се повлече од Велика Британија по силниот притисок за санцкии од политичарите во оваа земја. Тој на продажба го ставил и целиот свој имот во Британија.
Извор: Телма Тв

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...

Се огласи Паљото од Битола: Лажно сум пријавен дека сум пукал со воздушна пушка во бездомно куче од тераса

Зоран Лазаревски – Паљо, познат фитнес тренер и бодибилдер, како и поранешен кандидат за градоначалник на Битола, за „Слободен печат“ вели дека лажно е...

Малолетно момче заедно со неговиот татко натепале полициски службеници со метален предмет !!

Шеесет и четиригодишен кумановец и неговиот малолетен син биле приведени вчера откако со метален предмет нападнале полициски службеници. На 18.04.2024 во 00.35 часот во Куманово,...