20.9 C
Ohrid
сабота, октомври 5, 2024
ПочетнаСветКризата удри по Германија, останаа без гас ќе купуваат ЛНГ за 1,5...

Кризата удри по Германија, останаа без гас ќе купуваат ЛНГ за 1,5 милијарди евра?!

Војната во Украина, Германија ја дочека со празни складишта за гас. Земјата мора да ја промени својата енергетска политика преку ноќ, особено ако Кремљ ги исклучи вентилите.

Германија го овласти својот центар за трговија со гас да купува течен природен гас за 1,5 милијарди евра (1,66 милијарди долари) надвор од Русија, иако Москва во моментов ги исполнува сите обврски од договорот за снабдување, објави вчера Министерството за економија.

„Сега е да се одлучи каде ќе се купува гасот. Не би сакал да пресметам за колку дена тоа ќе биде направено, но тоа ќе се случи за многу кратко време“, изјави портпаролот на Министерството на прес-конференција додавајќи дека најбрзо е купувањето арапски гас.

Најголемото складиште за гас во Западна Европа се наоѓа во германската покраина Долна Саксонија на длабочина од два километри. Се вика Реден и е голем колку 910 фудбалски игралишта. Може да обезбеди едногодишна потрошувачка на гас за околу два милиони домаќинства.

Реден игра клучна улога за Германија и Европа кога станува збор за безбедноста на снабдувањето со гас. Астора, компанијата која управува со складиштето, е подружница на рускиот енергетски гигант Гаспром, кој контролира повеќе од една третина од сите германски складишта за гас.

Сите тие во моментов се речиси празни. Во Реден се пополнети само три отсто од капацитетот. Германскиот министер за економија Роберт Хабек претпоставува дека магацините се „систематски испразнети“ со цел стратешки да се покачат цените и да се создаде притисок.

Околу 55% ​​ гасот во Германија доаѓа од Русија. Од Русија, исто така доаѓа 50 отсто од јагленот и повеќе од 30 отсто од потребите за нафта. Додека во Германија има стратешки резерви на нафта, кои според законот мора да бидат доволни за 90 дена, таква одредба не постои за гасот и јагленот. Овде компаниите сами одлучуваат за своите залихи.

Германското Министерство за економија сака тоа да го промени што е можно поскоро, особено за гасот. Намерата е со закон да се пропише минималното ниво во магацините. Така, на почетокот на октомври секој магацин би требало да се наполни најмалку 80 отсто, на почетокот на декември 90 отсто, а на крајот на зимата на почетокот на февруари најмалку 40 отсто. И така секоја година.
За повеќе детали,Тука

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Таткото и чичкото на починатото 14-месечно девојче кршеле инвентар во Детската клиника

Министерството за внатрешни работи соопшти дека таткото и чичкото на починатото 14-месечно девојче, кршеле инвертар во Детската клиника. Денеска (05.10.2024) во СВР Скопје е пријавено...

После 24 години во Македонија ќе се отвори средно полициско училиште !!!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека ќе се отвори ново средно полициско училиште, кое беше укинато во 2000 година. На денешната прес-конференција...

„Со поставување на безбедносните камери, ќе немате повеќе кому да се јавите за да ви скине казна“, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска на прес-конференција зборуваше за поставувањето на безбедносните камери. На новинарско прашање дали и во иднина ќе има јавувања,...

Нова тешка несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, едно лице загина !!!

Нова тешка несреќа се случи утринава на патот Струмица-Валандово, поради што и патниот правец беше затворен. Едно лице, го загубило животот. На излез од село...