6.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаОд Макпетрол велат дека цело време работаат со загуба

Од Макпетрол велат дека цело време работаат со загуба

На поголем број на бензински пумпи низ земјава, забележани се колони на автомобили, чии сопственици се обидуваат да наточат гориво.

Стравот од недостаток на гориво поради војната во Украина и санкциите кон Русија, предизвикаа страв кај населението, па од таа причина на бензинските пуми е гужва. Дел од граѓаните се обидуваат да создадат залихи на гориво, пресипувајќи го во канти или во канистри.

Набавката на гориво во буриња, канистри, канти и други садови е спротивно на законските реулативи, бидејќи несоодветното складирање и чување на горивата може да предизвика опасни ситуации по животот на луѓето, како и загадување на околината“, велат од Макпетрол.

Во соопштението од Макпетрол, испратено до средствата за јавно информирање, се вели и дека компаниите кои се дел од бизнисот со горива се наоѓаат во мошне тешка положба.

Поради новонастанатата глобално-политичка ситуација, како резултат на која што има неколкукратно зголемување на цените на сите нафтени деривати, компаниите што се дел од оваа економска гранка се наоѓаат во исклучително тешка ситуација, што подразбира и работа со загуба. Имајќи ја во предвид долгогодишната традиција и професионални капацитети, компанијата и во овие особено тешки и комплексни услови ќе продолжи да работи без застој и рестрикции, со цел и граѓаните и компаниите без проблеми да функционираат“, додаваат од компанијата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...

Боки 13 тврди дека Камчев и Русковска знаат каде е милионот од Луи Витон торбата од „Рекет“

Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 денес на прес-конференција пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека бара фер, а не хистерична и...

Се истепале професорки во средно училиште во Битола

Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од...