13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаВелислав Јованов: Ме исфрлија да умрам надвор на минус 24 степени!

Велислав Јованов: Ме исфрлија да умрам надвор на минус 24 степени!

Велислав Јованов потекнува од Велес. Заминал во војска само да не биде товар на семејството. Одлучил да се ожени, но, таа среќа нема да трае долго. Од тој брак има две деца, а кои денес не сакаат ниту да го погледнат својот татко. Цел живот се радува на туѓи деца место на своите. И покрај тешкиот живот, секогаш бил горд и достоинствен, и по цена и на својот живот, никогаш никому не сакал да се моли и поклонува. Но, денес во седмата деценија од животот, живее под кирија во многу тешки услови. Бил често бркан од собата во која живее, дури и на минус 24 степени, само што не премрзнал и умрел. Нема можност да најде друг дом бидејќи живее со 4000 денари социјална помош. Се храни во народна менза, некогаш останува и со денови гладен, зашто нема што да зготви. Пере на раце сам, дрва нема, греалка пушта одвреме навреме зашто нема како да ја плати. Иако смета дека солзите не се својствени за маж, тој често се дружи со нив посебно навечер кога никој не го гледа.

За своето минато Велислав, ќе рече дека бил господин човек. И во младоста живеел тешко и морал да замине во војска за да не ги троши родителите, секогаш сакал да помага на другите, но, другите не биле дарежливи кон него. Млад одлучува да се ожени со Елизабета, со која ќе биде многу кратко заедно. Таа го остава и со децата заминува во Германија, па, таа далечина ќе ги олади децата од родениот татко. Тие за жал ниту денес, кога Велислав е во ваква состојба не сакаат да го гледаат и да му помогнат, а вели, ниту досега сум барал милостина ниту отсега ќе барам такво нешто.

– Татко ми почина, па заминав во војска за да не бидам товар дома. Потоа се оженив, ама немав добар брак. Не се сложуваме и набрзо и се разведовме. Жена ми со децата замина во Германија, таа таму набрзо почина, а лошите зборови што за мене им ги кажувала на децата и ден денес се рефлектираат врз нашиот однос. Тие не ме сакаат и не сакаат да ме гледаат – започнува низ солзи да раскажува за својот живот чичко Велислав.

Веќе неколку години Велислав живее во куќа, каде порано чувал некоја жена и затоа му дозволиле да остане. Но, вели дека не му е сигурно, зашто неколку пати децата на таа жена, го бркале на улица. Дури една зима го избркале додека надвор температурата била минус 24 степени. Преспал надвор и да не бил некој човек да го спаси денес ќе беше заборавен. Со 4000 денари вели, ниту се живее, ниту се преживува. Па, затоа освен што овој човек здравствено не се чувствува добро, не е ниту сигурен дали утрешниот ден ќе може да го издржи и дочека.

– Чував една стара жена и живеев во оваа куќа. Но, кога почина, започнаа моите проблеми. Еднаш бев избркан од куќава надвор на-24 степени. Да не ме најдеше еден човек денес немаше да бидам тука. Немам можност да плаќам. Земам само 4000 денари социјална помош, што попрво да платам. Сметки, кирија, храна … Одам во народна кујна, се хранам, но, и тоа е малку. Немам машина, шпорет, а и да имам не смеам да пуштам. Па, како ќе платам сметки-раскажува за својот тежок живот овој несреќен човек.

Да имаш свои, а да се радуваш на туѓи деца е навистина голем апсурд. Но, ова е сурова реалност за овој човек, кој покрај своја крв, никој не сака да го гледа и да му помогне. Па, затоа ниту навечер му се спие, ниту преку ден му се живее.

– Многу е тешко кога плаче жена, но, да плаче маж, е тогаш, нема ништо пострашно. Јас плачам. Ќе легнам, ќе се покријам и плачам. Барем на душата ми олеснува. Ако ме викнат подработувам, барем да си купам еден оброк. Ама веќе шеесет години, и здравјето од сите страни ме попушта, па не смеам ни да помислам за на лекар. Со што ќе платам. Па, јас немам за да преживеам, а, не да се лекувам. Додека тера, нека тера. Не се плашам. Страв ми е само од Господ, од никој друг – вели чичко Веле.

Од голема помош за овој човек е да се најде мал простор за да го мине остатокот од животот. Некаде каде не би одвојувал дел од и така малата социјална помош за кирија. Тогаш се би било поразлично, а, тој би бил пресреќен.

– Ми велат оди во Чичино село. Па, јас сакам да живеам, а не да се затворам далеку од сите. Јас сум научен да бидам меѓу луѓе. Да се снајдам, да ми помогнат а се сместам негде, една соба и бања, јас би бил пресреќен. Ништо друго не ми треба-со ронка надеж во душата посака Велислав.

Сите што сакате да помогнете на ова семејство тоа можете да го направите на оваа жиро-сметка 210500002611677 или на овој телефонски број 075/873555

Автор Оливера Петрушевска
prikazna.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...

Стојанче вели дека треба да остане директор, оти Мечките се буделе од зимскиот сон, а исто така иде сезона од пожари !!

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов смета дека треба да остане на директоркската функција бидејќи државата се наоѓа во специфична ситуација. -Талат Џафери е технички премиер....