13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаПет дена во Арачиново нема струја – ЕВН: Мештаните ни забрануваат да...

Пет дена во Арачиново нема струја – ЕВН: Мештаните ни забрануваат да се качиме на бандера и да санираме.

Пет дена во делови од општина Арачиново нема електрична енергија.

За ова од ЕВН велат дека мештаните од селото им забрануваат пристап на екипите на Електродистрибуција и ги спречуваат при извршување на секојдневните технички активности како и санација на дефекти.

„Поради контуинирано неовластено користење на електрична енергија од страна на мештаните, се оптоваруваат трафостаниците при што се предизвикуваат големи дефекти. Исто така е евидентирана и преостаната оштетена опрема. Многу често екипите на Електродистрибуција се соочуваат со вербални и физички напади. Со ова, во целост се оневозможува нормалното функционирање и работење“, велат од ЕВН.

Од таму додаваат дека се додека нема услови за работа и нормално функционирање поради наведените причини, нема да постои можност за санација на дефекти.

Инаку, во саботата бил запален и поранешниот објект на општината како револт за немањето електрична енергија.
tv21

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...

Автопатот Кичево – Охрид како легендата за Радин мост – Дење го градат, ноќе паѓа

Автопатот Кичево – Охрид станува историски, како Радин Мост во Кратово. Според легендата, го ѕидале девет браќа. Дење го граделе, ноќе паѓал. За да го...