9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаМакедонијаПомалку пари за посмртната помош во Македонија, од 30.000 на 25.000 денари...

Помалку пари за посмртната помош во Македонија, од 30.000 на 25.000 денари !!

spot_imgspot_img

Сојузот на здруженијата на пензионерите објави дека почнувајќи од февруари, средствата што се доделуваат од солидарниот фонд – посмртна помош, попознати како посмртнина, се намалуваат за 5.000 денари, односно од 30.000 на 25.000.

Оваа одлука е објавена во „Службен весник“, а образложението е дека нема доволно средства бидејќи бројот на починати пензионери расте поради пандемијата на ковид 19.

Во овој момент, информираат од Сојузот, за исплата чекаат над 4.100 лица, а времето на чекање е околу четири месеци.

Во објавата се додава дека разликата од 5.000 денари ќе може да се подигне дури кога ќе се соберат доволно средства во Солидарниот фонд.

Истовремено, има и одлука за зголемување на задршката од пензиите за Солидарниот фонд од 140 на 150 денари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...

Велигденски концерт во црквата ,,Света Софија” во Охрид

Во организација на НУ „Охридско лето“, а по повод големиот верски празник Велигден, ќе се одржи Велигденски концерт на православна духовна музика со женскиот...