14.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаКовачевски: Поскапувањата се резултат на Руско-Украинската криза, ама нашите цени сеуште се...

Ковачевски: Поскапувањата се резултат на Руско-Украинската криза, ама нашите цени сеуште се најниски во регионот.

Пред пет години беа потребни 4,25 минимални плати за да се покрие една потрошувачка кочничка, а денес кошничката може да се покрие со две минимални плати, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, поскапувањата на храната и енергенсите се резултат на дисбалансот што го предизвика руско-украинската криза.

Земјава, сепак, како што напомена премиерот, има најниски цени и на енергенсите и на храната во однос на останатите држави во регионот.

Кога зборуваме за синдикалната кошничка, би се вратил малку назад. Имавме синдикална потрошувачка кошничка која беше скоро 36.000 денари, а пред пет години минималната плата беше 9.000 денари. Тогаш беа потребни 4,25 минимални плати за да се покрие една потрошувачка кочничка, а сега, прв пат во истроијата на државата, со новата Одлука за зголемување на минималната плата на 18.000 денари за сите работници, со две минимални плати се покрива синдикалната потрошувачка кошничка. Точно е дека има зголемени трошоци и на храната и на енергенсите, но тоа се должи на најголемата криза што ја памти Европа во поново времне. Руско-украинскиот конфликт направи комплетен дисбаланс во снабдувањето и во цените на прехранбените производи, на енергенсите, полуфабрикатите и суровините кои се тргуваат на нивот на Европа, нагласи премиерот, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со членовите на Сојузот на здруженијата на пензионери.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...