13.9 C
Ohrid
сабота, април 20, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Да се отвори фабрика за автобуси со над 500 вработени

Мицкоски: Да се отвори фабрика за автобуси со над 500 вработени

Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска во својата програма имаат план да се обезбедат 250 еко автобуси. 100 до 150 електрични, стотина на природен компримиран гас, итн. Што е тука лошо ако ние обезбедиме преку транспарентна јавна постапка, 150 електрични автобуси и ако секој од нив заштедува 80 000 тони CO2 и притоа има услов да се отвори фабрика во Македонија со 500 вработени, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија.

Мицкоски истакна дека тука нема ништо лошо бидејќи и државата и граѓаните од ова ќе имаат корист, но власта наместо да го поддржи ова, тие се фрлија со напади.

Во вакви моменти ако некој навистина сака да помогне, навистина тоа би било добро и за државата, навистина треба да седнеме заеднички и да поразговараме и да видиме како може да си помогнеме, затоа што сепак една таква фабрика за производство на електрични автобуси, Македонија е на мапата на производители на такви хајтек-компоненти, би значело стратешки многу за државата и за граѓаните. Наместо да подадат рака и да помогнат, тие излегоа почнаа да ме напаѓаат, потенцира Мицкоски.

Тој повикува да се седне и да се сработи ова наместо да се напаѓа.

– Јас сум навикнат на тој фолклор, но дајте да седнеме и да сработиме, да ги донесеме луѓето тука да отворат фабрика и од таа фабрика после тоа да може да извезуваме надвор од Македонија. Тие тоа не го направија туку ме нападнаа, истакна Мицкоски.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Филипче: Сум работел во АВТОПЕРАЛНА и од таму ми е љубовта кон моторите и автомобилите !!!

Познатиот неврохирург д-р Венко Филипче, раскажува за првата посета на операциона сала, како ученик во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Во „Неформално“ на Сител...

Маричиќ до тетка Верица: Како ќе растат внуците, така и пензиите ќе растат !!

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде што тој е дел...

Повторно го згрешивме знамето: Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знаме на Исланд

Македонската армија преку Фејсбук и се заблагодари на Норвешка, но го згреши знамето, па го искористи тоа на Исланд. „Моторните возила од Кралството Норвешка веќе...

Рибар во албанскиот дел на Охридското Езеро улови коран тежок 13,2 килограми

Рибарот Ylli Jaçellari во албанскиот дел на Охридското Езеро успеа да улови пастрмка – коран тежок 13,2 килограми. Тој е 45-годишен лиценциран риболовец од Уденишт,...