8.2 C
Ohrid
петок, јануари 24, 2025
ПочетнаСветПолицијата во магацин пронајде 100.000 литри масло !!!

Полицијата во магацин пронајде 100.000 литри масло !!!

spot_img

Полициските акции, иницирани од косовското Обвинителството, ги вразуми маркетите кои вчера литар сончогледово масло го продаваа по цена од 3,49 евра без разлика на производителот и тоа во ограничени количини од максимум четири шишиња.

<

„Цената на литар зејтин денес се движи од 2,19 до 2,99 евра“ за Мета.мк потврди адвокатот Арбер Јашари кој вчера на Фејсбук сподели пост во кој нашпиша „Криминалот се вика ЦЕНА“.

По полициската акција затворен е главниот магацин на Вива Фреш Стор каде се пронајдени 100 илјади литри зејтин. Информацијата ја потврди косовскиот премиер Албин Курти.

„Затворени се два магацини. По акција на пазарниот инспекторат и косовската полиција, Одделот за истраги на економски криминал, во два магацини (Фуш Косово – Косово Поле и Грачаница) е пронајден зејтин за кој недостасувала документација“ објави Курти на фејсбук.

Тој во постот нагласи дека 3,49 евра за шише масло е вештачко поскапување. “Не дозволуваме изнуда. Имаме зголемена контрола и надзор и ќе ги казниме оние кои манипулираат и профитираат во име на кризата“, додаде косовскиот премиер.

Инспекторите во Гњилане казниле и пекара со илјада евра, бидејќи тежината на лебот не одговарала на декларацијата, соопшти општина Гњилане.

Инспекторите од оваа косовска општина казниле и маркет заради манипулација со цената на шеќерот.

„Огласената цена на шеќерот во пакување од 5 килограми изнесуваше 4,09 евра, додека касиерот платил 4,19 евра. Поради ова неусогласеност, согласно законот за заштита на потрошувачите, инспекцијата му изрече глоба на продавачот“, се вели во соопштението.

Косовските власти повика граѓаните да пријават случаи кога ќе наидат на вакви прекршоци. Паниката во однос на поскапувањето на цената на зејтинот во Косово се прошири и во Северна Македонија преку објави на некредибилни медиуми.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Џип од Министерство во вредност 60 илјади евра бил заборавен во сервис, сега е без врати и делови

Кога јавноста ќе ги види сликите, ќе може да процени како може еден сериозно скап автомобил од Министерството да биде оставен на милост и...

Пуш-пауза: Катица Јанева сликана пред адвокатска канцеларија

Случаен минувач кој и ја испрати фотографијата на редакцијата на Курир ја овековечи Катица Јанева пред канцеларијата на нејзиниот син. Поранешната специјална обвинителка е...

Денеска четири судења против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Во Основниот суд во Струга почна првото од закажаните за денеска четири судења против градоначалникот Рамиз Мерко – за плочата на општинската зграда, две...

Во Хрватска продавниците празни: Бојкот поради високите цени !!!

Во Хрватска за денеска е најавен бојкот на продавници, малопродажни синџири и бензински пумпи поради постојаното поскапување, врз основа на иницијатива која започна од...