15.5 C
Ohrid
вторник, октомври 15, 2024
ПочетнаСветМажот има право да ве тепа еднаш годишно“: Исповед на најуспешната иранска...

Мажот има право да ве тепа еднаш годишно“: Исповед на најуспешната иранска ракометарка која побегна во Шпанија

Шагаје Бапири, иранска ракометарка која оваа недела побегна во Шпанија, во интервју за Гласот на Америка (VOA) изјави дека не гледа иднина за ракометарките во оваа држава доколку не се променат условите за живот

Бапири (30) е долгогодишен член на иранската женска ракометна репрезентација во клубот Сепахан, кој од 2015 година го финансира иранската влада, а беше една од најискусните ракометарки на оваа репрезентација на 25. Светско првенство во ракомет во Шпанија.

Таа го напушти хотелот „Серкотел Сорола Палас“ каде што беа сместени ракометарките на оваа репрезентација и планира да бара азил во Шпанија, и единствено таа остана во друга земја и не реши да се врати во родниот Иран.

Во првото интервју по бегството, таа за медиумите изјави дека „законите што владеат“ во женскиот спорт во Иран довеле до нејзината одлука. Но, нејзината одлука значи и дека семејството ќе треба да плати околу 35.000 долари кои ги дале како залог кога таа го напуштила Иран. Во оваа држава, такво е правилото – се користи имотот на спортистите како залог за враќање дома.


Да не беше тоа, никој од нашите ракометарки немаше да се врати во државата – вели оваа ракометарка и додава:

– Одбив да се вратам во Иран бидејќи таму се случуваат работи кои се толку лоши што едноставно не може да се прифати. Сакам да одам на друго место… Еве еден пример, да ви кажам нешто за нашиот прв натпревар против Романија. Мојот противник несвесно ми го симна хиџабот од глава, а не можете да замислите како потоа се однесуваше со мене директорот на репрезентацијата. Сè на сè, не можам да го прифатам тоа и затоа останувам во Шпанија.

Таа откри и дека во Иран има огромна разлика меѓу мажите и жените, а тоа го објасни со малку неверојатен пример.

Ние жените многу страдаме во Иран и во нашето општество има огромни разлики меѓу мажите и жените. Да  ви дадам еден пример кој воопшто нема врска со спортот. Мојата соседка била редовно тепана од нејзиниот сопруг, а кога конечно собрала храброст и поднела тужба против него, судијата во судот ѝ рекол: „Госпоѓо, во Иран сопругот има право да ве тепа еднаш годишно“. После тој одговор таа се откажа од разводот, од адвокатот и од се‘. Беше шокирана…“, наведува оваа ракометарка.

За повеќе детали,Тука

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По 25 години во Сител, Ивона Талевска почнува со работа во Алфа Тв.

По точно 25 години, познатата новинарка, водителка и уредничка Ивона Талевска, ја напушти телевизија Сител. „Наскоро се гледаме од ТВ Алфа, единствената македонска телевизија со...

Касами бара парите да бидат на албански јазик.

Биљал Касами вчера во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека еден од Законите кои мора да се промени е тој за Централна банка,...

Зетот на убиениот Панче: Велибор ги извадил бекатон плочките од дворот на Панче

Тодор Кирков, зет на убиениот Панче Жежовски, денеска сведочеше на судењето за двојното убиство. Во својот исказ, Кирков ја опиша динамиката на односите со...

Тошковски најави засилен видео-надзор откако првооделенци сакале да силуваат ученик во Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, најави засилување на видео-надзорот, како и присуството на полициски службеници, откако завчера двајца првооделенци од училиштето „Димитар...