13.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаВојната во Украина може да остави 25.000 фамилии без леб во Македонија-Германските...

Војната во Украина може да остави 25.000 фамилии без леб во Македонија-Германските компании во Македонија бараат парична помош од Владата за да не мора да отпуштаат работници.

Германските компании во Македонија бараат парична помош од Владата за да не мора да отпуштаат работници.

Дојче Веле јавува дека германските автомобилски компании во Македонија се тешко погодени од кризата, особено од војната во Украина, и дека 25,000 работни места во земјата се доведени во опасност. Од Делегацијата на германското стопанство бараат да се делува превентивно, за да се спречи катастрофа.

Европските концерни како Фолксваген, Мерцедес, Порше, Ауди делумно запреа, или во добар дел го намалија финалното производство како последица на прекинот на работа на редица фабрики во воените зони во Украина. Ударот го чувствуваат сите, но интензитетот е различен. Ова го констатираат и во Делегацијата на германското стопанство чија анализа покажува различни податоци. Директорот Патрик Мартенс предупредува дека проблемот е комплексен и предизвикувачки од повеќе аспекти:

Импликациите за автомобилската индустрија во Северна Македонија се биполарни. Од една страна, некои од компаниите со седиште во земјата се под директен притисок да го прошират производството бидејќи нивните фабрики во Украина веќе не произведуваат и во оваа ситуација се потпираат на нивните сестри фабрики во Северна Македонија. Ова бара итно зголемување на производството и бројот на вработени“, изјави за Дојче веле Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија.

Клучниот предизвик, според него, е за оние производители кои работат за потребите на концерните кои веќе го чувствуваат ударот и делумно го запреа, или намалија финалното производство: „Од друга страна, имаме и други компании во Северна Македонија кои исто така негативно се погодени од ситуацијата, бидејќи нивните клиенти во Германија имаат прекин во производството и не ги произведуваат сите потребни деривати, тоа се одразува и со прекини во синџирите на добавувачи. Како резултат на тоа, има компании добавувачи во Северна Македонија кои исто така очекуваат привремен прекини на производството”, предупредува Мартенс.

Според нивните податоци, најмалку три производители од автомобилската индустрија кои се присутни со погони во државата имаат потреба од помош. Во вакви услови, директорот на Делегацијата на германското стопанство советува да се размисли од страна на надлежните во Владата преку индивидуален пристап да им се помогне на овие компании: „Врз основа на комплексноста на оваа ситуација мора да има индивидуална поддршка на стопанството“, сугерира Патрик Мартенс.

Како тоа би изгледало првиот човек на Делегацијата на германското стопанство не сака да навлегува, но советува надлежните да делуваат врз основа на комплексноста на ситуацијата во која се наоѓа дел од стопанството и погодените компании.

Од Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство веќе испратиле и конкретни барања до Владата. Клучно во моментов, според нив, е да се интервенира со поддршка во делот на платите: „Бараме од Владата да ни излезе во пресрет и да ни помогне со помош во делот на платите, поединечно, во нето износ на минималната плата. Ова беше дел од мерките кои ги добивме во периодот на пандемијата и кои ни помогнаа да ја пребродиме кризата која сега се проширува со војната во Украина. Засега ние ја укинавме третата смена, која работеше заклучно со јануари. Дел од работниците се дома и примаат 70% од платата. Но многу лесно може да се случи проблемите да станат покомплексни и да мораме да кратиме на работна сила. Во вакви услови тоа за нас ќе биде многу лошо, бидејќи станува збор за квалификуван и едуциран кадар кој тешко дека би го надополниле. Затоа е многу важно државата да појкаже слух и да ни помогне“, коментира за Дојче веле директор на една од погодените фабрики.

Од Владата велат дека ја следат состојбата и се посветени на решавање на проблемите генерално во сите сегменти на економијата.

„Во целиот овој период државата партнерски со сите засегнати страни ги решава проблемите и не дозволува драстичен пад на ликвидноста на компаниите, што пак како резултат ќе доведе до зголемување на изгубени работни места за нашите граѓани. Постојано се помага на најранливите и се обидуваме да креираме заштитна мембрана помеѓу реалните пазарни случувања и она што можат нашите компании да го издржат“, велат за Дојче веле од Владата.

Конкретно за барањата на компаниите обединети во Асоцијацијата на странски фирми со технолошко напредно производство велат дека се интервенирало во делот на царинските олеснувања. Но дали ќе има и конкретни чекори во делот на поддршка за платите засега не коментираат ништо поконкретно:

„Дополнителна поддршка за сите компании кои имаат технолошки напредно производство е промената на 258 тарифни ознаки кои беа сведни на 0 или на минимални ставки како во земјите од ЕУ, со што Владата се откажа од царински приходи од околу 13 милиони евра, а кои ќе бидат дополнителна ликвидност и стимул за овие компании. Свесни ме за намалувањето на обемот на работа, како поради кршењето на вредносните ланци низ целиот свет но и намалувањето на побарувачката и токму поради тоа постојано сме во контакт и наоѓаме решенија за сите, подеднакво. Солидарноста и одговорното работење беa исклучително важни во Ковид-периодот и тоа продолжува да биде така“, велат од Владата.

Автомобилската индустрија во Северна Македонија брои дваесетина компании и вработува над 25.000 луѓе. Сите од овие фирми со Владата имаат посебни договори во кои се предвидени различни поволности и поддршка за нивното работење, но и проширување на нивните капацитети. Најголем дел од нив пандемијата ја преживеаја со помали падови во работењето и принудни одмори за дел од вработените.

Но сериозноста на кризата наметната од воената инвазија на Русија во Украина може да биде многу поголема од пандемијата на коронавирусот. На ова деновиве предупреди и првиот човек на групацијата „Фолксваген“, Херберт Диес, кој укажува дека пролонгирањето на војната во Украина и нарушувањата на синџирот во снабдувањето со репроматеријали може да влијае многу сериозно врз цените, енергенсите и инфлацијата.

Само за илустрација, во Украина досега се погодени 30.000 работни места кај германски и уште 10.000 работни места кај други меѓународни концерни од автомобилската индустрија кои беа принудени да ги запрат производствените процеси поради руската инвазија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пукање пред кафеана во Охрид, приведени две лица!

На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од...

Вознемерувачки фотографии од тешката сообраќајна незгода во Кичево во која животот го загубија три лица.

Шило Магазин дојде до ексклузивни фотографии од тешката сообраќајна незгода во која има тројца загинати и неколкумина повредени лица. МВР соопшти дека утрово во 4.50...

Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна несзгод ашто се случила рано утрово во Кичево, информир аполицијата. МВР соопшти дека утрово...

Излажан Тетовчанец за 11.000 евра: Албанец му ветил дека ќе му отвори фирма во Дубаи, па останал и без пари и без фирма..

57-годишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот...