15.4 C
Ohrid
сабота, октомври 12, 2024
ПочетнаСветВо Косово падна израелски воен дрон долг три метри.... (ВИДЕО)

Во Косово падна израелски воен дрон долг три метри…. (ВИДЕО)

Нешто пред 15 часот попладнево, воен дрон се урна на југот на Косовска Митровица.
Станува збор за тактичко извидувачки дрон од израелско производство Elbit Skylark 1, потврдија од КФОР за косовски Телеграф.

Додаваат дека дронот се урнал поради дефект и дека нема повредени. Исто така, нема штета, велат оттаму. Тие тврдат дека дронот паднал во приватен двор додека вршел рутински операции за надзор.

КФОР им се заблагодариле на граѓаните за нивната соработка и директен контакт со косовските власти. „КФОР сака да му се заблагодари на локалното население за нивното разбирање и соработка и за непосредниот контакт со косовските власти, овозможувајќи итно повлекување на дронот и ублажување на какво било мешање предизвикано од инцидентот. КФОР веќе започна истрага за да се утврди причината на инцидентот“.

Сопственикот на куќата во чиј двор паднал дронот рекол дека прво удрил во балконот, а потоа паднал на земја. Тој додава дека бил долг околу три метри.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По повод 11 Октомври, 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме!

На плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ во Прилеп, околу 1200 основци и средношколци денес го формираа македонското знаме во чест на националниот празник „11 Октомври“.

„Трајан Целески – ТАЧО“ е името на новото повеќенаменско игралиште во населба Видобишта.

„Трајан Целески - ТАЧО“ е името на новото повеќенаменско игралиште во населба Видобишта. Вечерва свечено го отворивме ова повеќенаменско игралиште кое го носи името на...

Денес, во очи на 11 Октомври, Охрид и Македонија го одбележуваат празникот на македонскиот непокор.

Денес, во очи на 11 Најзначајниот период во милениумското битисување на Македонскиот народ е неговото учество во четиригодишната народно-ослободителна епопеја во Втората светска војна,...

Македонија стана нова членка на Советот за човекови права на ОН

Со 168 гласа „за“, Македонија денеска стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се...