11.9 C
Ohrid
петок, март 29, 2024
ПочетнаМакедонијаГолем срам за државата: Болните дечиња од Охрид се лечат во Струга...

Голем срам за државата: Болните дечиња од Охрид се лечат во Струга !!!

Се продлабочува проблемот со недостиг на педијатри во охридско-струшкиот регион. Детското одделение во Охрид речиси половина година работи само како амбуланта, а децата се лекуваат во Струга. Лекарите се загрижени во пресрет на престојната туристичка сезона, кога проблемот дополнително ќе ескалира. Бараат министерството за здравство да изнајде соодветно решение.

Во недостиг на специјалисти, речиси половина година децата од Охрид се лекуваат на Детското одделение во Струга. Во пресрет на престојната туристичка сезона дополнително ќе се зголеми обемот на работа. Бараат, министерство за здравство итно да изнајде соодветно решение.

„Наплив имаме не само од Охрид, туку и од Ресен и од Дебар. Персоналот не може да издржи, и сестрите, не само ние. Вие денес 100 деца да ги боцкате, не се издржува, напорно е, многу е напорно“ – вели д-р Влатко Мицкоски специјалист педијатар од Струга.

На детското одделение во Струга има шест лекари педијатри, а во Охрид останаа само двајца, поради што детското одделение работи како амбуланта.

„Тука е погрешно водена политика уназад 15-тина години. Тргнувајќи од тоа што нашата специјализација е пет години минимум, односно точно пет години. Неводење на политика кој кога ќе оди во пензија за да се формираат нови кадри“ – додава д-р Мицкоски.

Двојно е зголемен бројот на пациенти на детското одделение во Струга, дневно има и по 120 прегледи. Најкритично е во викенди, за празници и ноќна смена. За долгорочно решавање на проблемот со недостиг на специјалисти потребна е квалитетна кадровска стратегија.

Новинар Соња Рилковска Тв Мики

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Сашо Донев, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа кандидати за пратеници од Охрид

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за наредните парламентарни избори. На листата во петтата изборна единица има...

Села оди во коалиција со Ахмети, очекува најмалку пет пратенички мандати

Алијанса на Зијадин Села оди во коалиција со Али Ахмети. Со само еден делегат против било одлучено АА да стапи во коалиција со ДУИ...

Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени...

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...