11.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаАпасиев се појави во Собранието со порака – слобода за Асанж!

Апасиев се појави во Собранието со порака – слобода за Асанж!

Лидерот на Левица Димитар Апасиев излезе на говорницата на македонското Собрание со мајца со ликот на Џулијан Асанж, дисидентот на Викиликс кој повеќе од 10 години се соочува со американски прогон.
Слобода за Асанж. Не на екстрадицијата во САД!, порача Апасиев.

Асанж е основач на Викиликс, организација која објави доверливи информации за воени злосторства кои американските сили ги извршиле во Ирак, и се обиделе да ги прикријат. Тој беше засолнет во амбасадата на Еквадор во Лондон од 2012 до 2019 година, кога Еквадор му го повлече азилот, и го преде на британската полиција. Асанж сега е во затворот Белмарш во Лондон, а САД бараат негова екстрадиција.

Пораката на Апасиев е упатена во време кога САД ја обвинуваат Русија за воени злосторства во Украина, а воедно се обидуваат да го замолчат Асанж за откривање на американските злосторства. На мајцата што ја носеше Апасиев, на Асанж устата му е затворена со американско знаме.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Осудените за „27 април“ кон Русковска: Доаѓа денот, тек допрва ќе си одговараш за својата работа.

Дел од осудените за „27 април“ јавно ѝ порачаа на обвинителката Вилма Русковска дека доаѓа денот, алудирајќи на денот кога ќе одговара за својата...

Марко Новески стана татко на близнаци: „Ти благодарам Цена што ми го оствари најголемиот сон“

„Добредојдовте Вања и Веда“ – напиша водителот Марко Новески до фотографијата од новородените близначиња кои ги доби со својата сопруга. Во август 2021, Марко Новески,...

Болничарот од Токсикологија пред камера призна дека барал урина со наркотици да се замени со чиста

Eкономската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не сакала да вработи персонал неопходен да функционира токсиколошката лабораторија, ако во истиот „пакет“ не влезат...

Пазарната инспекција ќе контролира кој ќе работи на изборните неработни денови

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на Техничката Влада на Република Северна Македонија донесен на шеснаесеттата седница одржана на...