1.9 C
Ohrid
петок, јануари 24, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски заборави дека и ВМРО го прави истото: Само во нашата држава...

Мицкоски заборави дека и ВМРО го прави истото: Само во нашата држава партиската книшка е посилна од диплома за завршено високо образование !!!

spot_img

„Само во нашата земја, партиската книшка стана посилно од парчето хартија на кое пишува диплома за завршено високо образование. Државата, владата, не велам дека е единствениот џелат за иднината на младите, но државниот апарат е сигурно најгласниот убиец на соништата на нашите млади луѓе“, нагласи меѓудругото Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на вечерашната прослава на 31-от роденден на Унијата на млади сили (УМС) на опозициската партија што се одржува во Прилеп.

<

Мицкоски од говорницата во тој контекст го истакна, како што рече, некомплетниот и несреќен попис како епилог на колективно самоуништување како држава.

„Речиси 200.000 си ја побарале среќата некаде надвор од Македонија и се иселиле. И оваа појава е иста, буквално иста, рана и за младите Македонци, и за младите Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци. Мора да го стопираме колективното самоуништување, мора да изградиме држава која ќе нуди можности за младите луѓе. Мора да им кажеме на младите дека нивниот сон може да го достигнат тука, во својата земја и дека нашата заедничка Македонија е најдобрата гаранција за реализација на нивниот сон. Еднаш засекогаш мора да се престане со партизација на општеството“, рече, меѓудругото, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во обраќањето пред присутните во салата „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Унијата на млади силчи на ВМРО-ДПМНЕ денеска го одбележува 31-от роденден од формирањето и пред членството ја претстави стратегијата насловена како „Визија за победи, шанса за промени“.
Но са волја на вистината господинот Мицкоски заборавил дека ВМРО вработуваше и вработува со партиски книшки низ нашите училишта, градинки општини итн.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуш-пауза: Катица Јанева сликана пред адвокатска канцеларија

Случаен минувач кој и ја испрати фотографијата на редакцијата на Курир ја овековечи Катица Јанева пред канцеларијата на нејзиниот син. Поранешната специјална обвинителка е...

Денеска четири судења против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Во Основниот суд во Струга почна првото од закажаните за денеска четири судења против градоначалникот Рамиз Мерко – за плочата на општинската зграда, две...

Во Хрватска продавниците празни: Бојкот поради високите цени !!!

Во Хрватска за денеска е најавен бојкот на продавници, малопродажни синџири и бензински пумпи поради постојаното поскапување, врз основа на иницијатива која започна од...

100 дена отчет за работењето на ЈПКД-ДЕБРЦА- 03.09.2024 – 31.12.2024

100 ДЕНА ОТЧЕТ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЈПКД-ДЕБРЦА 03.09.2024 - 31.12.2024 Во период од 100 дена по превземањето на Јавното Претпријатие за комунална дејност Дебрца на...