-0.1 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаСпоред пописот во Кичево Албанското знаме треба да се тргне, Гази Баба...

Според пописот во Кичево Албанското знаме треба да се тргне, Гази Баба станува Двојазична

spot_img

Општина Гази Баба станува двојазична. На таблите покрај македонскиот, ќе мора да се впише и албанскиот јазик. Ова доаѓа по резултатите од пописот, каде процентот на албанско население во оваа општина, сега е 20,3, со што според законот за употреба на јазиците, официјален јазик станува и Албанскиот.

-Во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа, пишува во член 1 став четири од Законот за употреба на јазиците.

Најновите бројки според пописот пак покажуваат и дека албанското знаме нема повеќе да се вее во Кичево. Законот за употреба на знамињата на задниците во Македонија, пропишува дека официјално знаме на одредена локална самоуправа покрај македонското е и она на граѓаните кои се од друга националност, но се над 50 проценти. Според пописот бројот на Албанци во Кичево сега е 41,27 проценти.

-Во единицата на локалната самоуправа, во која живеат граѓани припадници на заедницата и се повеќе од 50% од населението во таа единица на локалната самоуправа, согласно со членот 2 од овој закон, пред и во објектите на органите на единицата на локалната самоуправа постојано се истакнати знамето на Република Македонија и знамето на таа заедница, се вели во член 5 од Законот за употреба на знамињата на заедниците во Македонија.

Сепак законските прописи по се изгледа не се важни за градоначалникот на Кичево, кој кажа дека нема да ги тргне албанските знамиња, велејќи дека бројките од пописот не се вистински.

-Албанците во Кичево биле, се и остануваат мнозинство. Над 55% обезбедуваат отпор. Знамето го кренаа неговите синови и тоа ќе се вее гордо засекогаш, вели градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари.

Според последните бројки бројот на запишани граѓани во Кичево е 39.699, од кои Албанци се 41,27 проценти, додека пак Македонци се 40,38 проценти. Од општина Гази Баба пак засега не се произнесуваат дали ќе ги менуваат таблите.

Матеја Петровски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...