9.4 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаРакометарот на Бутел Денис Тот сепак починал откако девојката го шутирала по...

Ракометарот на Бутел Денис Тот сепак починал откако девојката го шутирала по глава– Две лица се приведени, се трага по уште едно лице !!!

Насилна смрт. Докторите од Судска медицина ги разрешија дилемите во јавноста, откако обдукцијата покажа дека удар во главата, односно повреда на мозокот е причина за смртта на 27-годишниот ракометар од Хрватска, Денис Тот, кој вчераутро почина на скопските клиники.

Потврда за ова добивме и од Скопското обвинителство, кои се веќе усно известени и ја чекаат целосната документација за да отворат предмет. Од доказите ќе зависи квалификацијата на делото, дали ќе биде убиство или насилство со смртни последици.

Инволвирани се три лица, од кои две, дечко и девојка, се веќе приведени, а третиот е во бегство. За случајот се обезбедени и видео снимки, од кои се гледа дека, сега починатиот и останатите учесници во тепачката биле во исто друштво во ноќен клуб во парк.

Кога тргнале да си одат, се степале, по што Тот паднал во бесознание, а останатите си заминале.

Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...