-0.1 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаОд денеска нема масовно купување зејтин во пакети или пелети

Од денеска нема масовно купување зејтин во пакети или пелети

spot_img

Од денеска не треба да се продаваат шишиња масло за јадење во пакети или пелети по маркетите или кај трговците на мало. Се утврдени такви случаи. Не верувам дека овие количини се купуваат за самостојна потреба или потреба на домаќинство, туку за продажба или за да се извезуваат надвор на државата. Само на територијата на Струга и Охрид имаме три пати поголема потрошувачка отколку што сме имале порано, вели министерот за економија, Крешник Бектеши, прикажувајќи фотографија од масовно купување зејтин од страна на едно лице во еден супермаркет во земјава.

Бектеши појасни дека во известувањето до сите економски субјеки што продаваат е наведено дека сите трговци, ако во случај има побарувачка за масовно купување зејтин, треба веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат за да ги презеде соодветните мерки.

-Ние не наредуваме, само сакаме да се спроведуваат законите. Во делот на продажбата на зејтин, ние пративме известување и препорачуваме на маркетите и трговците да продаваат согласно просекот на продажба колку е потребно на едно домаќинство. Просекот значи дека едно домаќинство троши максимум три литри масло за јадење месечно. Тие се податоци од Заводот за статистика. Се знае намерата ако купувате масовно, појасни Бектеши во емисијата „Топ тема“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...