6.9 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаЛевица поднесе кривична пријава против спикерот Џафери

Левица поднесе кривична пријава против спикерот Џафери

spot_img

Левица поднесе кривична пријава против спикерот Џафери заради систематското несвикување седници за пратенички прашања повеќе од една година.

<

Правниот тим на Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Македонија – Талат Џафери, бидејќи тој, своеволно, систематски и спротивно на Уставот, свесно ја кочи и ја оневозможува парламентарната контрола над извршната власт, со несвикување седници за пратенички прашања во континуитет, повеќе од една година.

Пријавениот се терети дека извршил стек на кривичните дела „Саботажа“ и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ бидејќи, како единствено надлежен за свикување и претседавање со собраниските седници, умислено не ги свикувал задолжителните пленарни седници за пратенички прашања, кои мора да се одржуваат секој последен четврток во месецот! Оваа уставна, законска и деловничка должност на пријавениот е императивна, т.е. облигаторна и не предвидува можност за нејзино легално заобиколување, односно законодавството не предвидува никакви исклучоци кои ќе дозволат дискреционо право на претседателот на Собранието на РМ да не ја извршува оваа своја јавна обврска.

Пријавениот Џафери, тоа бил должен и морал да го знае, поради што произлегува дека неговото преземено дејствие е целосно свесно и со зла намера да се загорози уставниот поредок, преку ефективно спречување на принципот на парламентарна контрола на законодавната врз извршната власт, кој директно произлегува од тријалистичката поделба на државната власт (законодавна, извршна и судска) – како темелната вредност на уставниот поредок. Продолженото инкриминирано дејствие на пријавениот е прикриено и подмолно по својата структура, бидејќи вклучува свесно и неколкукратно неизвршување на конституциони, легислативни и деловнички обврски во целина и во континуитет, со цел тотална дисфункционалност, противправна суспензија и парализа на инструментите на парламентарната демократија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопски зет натепан од бабата и дедото.

На 22.01.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, 37-годишен маж од Скопје пријавил дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат...

Се уште не се знае колку дена била почината жената од Кавадарци и дали станува збор за убиство

Кавадарчани утрово ги вознемири веста дека во својот стан, каде живеела сама, е пронајдена почината 52-годишната Сузана С.С., а на нејзиното тело имало повреди. Телото...

Наставник од Џепчиште натепал ученик.

Наставник во подрачно училиште во дебарското село Џепиште, физички нападнал ученик во истото училиште, кое функционира во рамки на Општинското основно училиште „Пенестија”- Дебар. Според...

Апасиев стана редовен професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Пратеникот Димитар Апасиев на Фејсбук објави дека е избран за редовен професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Во продолжение целосната објава на Апасиев: … „и...