-1.1 C
Ohrid
вторник, јануари 14, 2025
ПочетнаЗабаваВладимир Алмазов докторот кој чуваше човечко срце во тегла, а успеа да...

Владимир Алмазов докторот кој чуваше човечко срце во тегла, а успеа да го излечи со љубов !!!!

spot_img

Медицина над медицината:

Владимир Алмазов, истакнат руски кардиолог, во својата канцеларија чувше сад со човечко срце. Сите негови студенти ја знаат позадината на таа приказна со срцето. Во раните 50-ти години, кога Др. Алмазов сè уште бил студент на четврта година на Медицинскиот институт во Санкт Петербург, млада жена со дијагноза на субакутен бактериски ендокардитис била донесена на клиниката во Санкт Петербург.

Дури и денес оваа застрашувачка болест има многу висока стапка на смртност, а тогаш фаталниот исход бил речиси сигурен.

Се сметало дека за девојката нема помош, срцето се повеќе и слабеело, пропратено со постојана зголемена температура.

Девојката била прегледана од сите најдобри професори, но без позитивен исход. За време на тие прегледи покрај професорите биле и неколку практиканти. Еден од нив бил и др. Аламазов, тогаш познат како многу вреден и талентиран студент.

Тој не предложил никаков револуционерен метод за лекување на ендокардитисот, или нешто слично, тој едноставно се заљубил во девојка која била на умирање.

Практикантот ја посетувал секој ден и и носел цвеќе. Со текот на време и таа се заљуби во него и полека но сигурно почнала да закрепнува.

Се венчале, добиле деца, а на нивната свадба ги поканиле и лекарите кои ја лекувале.

По многу долги и среќни години, таа починала и го оставила своето срце на Медицинскиот институт во Санкт Петербург.

Таму ќе остане засекогаш зачувано како потсетник дека болното срце може да го излечи само срце што го сака.
Љубовта е лек за секоја болест.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...

И покрај врнежите од снег, ЦУК регистрираше пожар на отворено

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во изминатото деноноќие бил регистриран еден пожар на отворен простор и истиот е изгаснат. Повикувајќи се...

Охридски газда изненади тројца вработени со најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер.

Охридската компанија Тамаро, водечкиот локален ланец маркети, изненади тројца од своите вработени кои имаат најдолг работен стаж со подарок автомобили и паричен ваучер. Билјана Стевановиќ...