Казината и обложувалниците да работат само во хотели со 5 ѕвезди, бара Села

Бараме казина и обложувалници да може да постојат само во хотели со 5 ѕвездички – побара лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, а неговите пратеници ќе бараат измени во Законот за игри на среќа.

Воедно, рече, бараме да се ограничи рекламирање на игри на среќа.

Села рече дека не е доволно казината и обложувалниците да се одалечат 500 метри од образовни и верски институции и нагласи дека семејниот дом е главната институција за воспитување.

Тој посочи дека предлогот за вакви законски измени ќе биде доставен до сите парламентарни групи.

-Наш став е дека игри на среќа треба да се забранат, но свесни сме дека тоа не може да помине зашто другите партии ќе се спротивстават – нагласи лидерот на Алијанса за Албанците.Со законските измени што ги предлага Алијанса за Албанците, казината и обложувалниците ќе одвојуваат по 200 евра по секој метар квадратен за инвестиции во спорт, за младината, за лица со посебни потреби кои би се уплатувале на сметките на локалната власт.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here