9.9 C
Ohrid
четврток, април 25, 2024
ПочетнаЗабава“Велигденска седенка”- празнично шоу на Елена Јовческа…

“Велигденска седенка”- празнично шоу на Елена Јовческа…

spot_imgspot_img

Има ли поубаво празнување од она заедно со звуците на македонската песна, младешка убавина “закитена” со македонската традиционална облека, прекрасен амбиент и атмосфера која “поткрева”. Ќе се согласите дека нема…ние сеуште сме народ кој знае како се празнува на вистинскиот начин. А уште повеќе ако гордо го носиш генот на предците од кој одекнуваат планините, ако ја носиш радоста во срцето поради тоа и музикалноста која просто “те тера” да ја даруваш на другите….исто како нашата Елена Јовческа,пишува BalkanMusic.Tv.

Во една таква атмосфера се снимаше нејзиното празнично шоу насловено како “Велигденска плетенка”, во амбиентот на “Македонска Куќа” во Прилеп. Преполна со емоции и задоволна од тоа како се реализираше оваа нејзина идеја, Елена ни ја даде следната изјава…”Станува збор за цело сценарио кое што е исполнето со многу музика и каде што ја опишуваме нашата традиција. На самата трпеза имаме традиционални јадења кои ја отсликуваат нашата земја. На мое големо задоволство, ова мое празнично шоу уште повеќе го збогатија Дамјан Стојаноски и Сања Ристеска, сите заедно во друштво на КУД “Мирче Ацев”. Се пееа македонски песни како што му доликува на еден голем за нас, македонски празник. Истите се испеани и отсвирени во живо, а за тоа се погрижи Никола Кочанковски – Кочан. Со нашата позитивна енергија и расположение привлековме голем број на присутни гости во ресторанот кои љубопитно прашуваа што се снима, а некои од нив уснимија и дел со своите мобилни телефони. Голема благодарност до моите колеги кои ми помогнаа ова мое сценарио да изгледа преубаво, како и до моите драги колеги Мајран Ртоски и Никола Кочан кои исто така испеаа по една песна и беа дел од “Велигденска седенка”. Се надевам дека на 24 април нашите Македонци ќе уживаат во убавата македонска музика и полната и богата трпеза со македонски традиционални јадења”.

Шоуто “Велигденска седенка” се реализираше во соработка со “Арт студио” – продукција, а истото ќе биде емитувано на 24 април на телевизија “СИТЕЛ”. Имајте среќни и опуштени Велигденски празници!!!
Извор: BalkanMusic.Tv

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...

Велигденски концерт во црквата ,,Света Софија” во Охрид

Во организација на НУ „Охридско лето“, а по повод големиот верски празник Велигден, ќе се одржи Велигденски концерт на православна духовна музика со женскиот...