11.9 C
Ohrid
среда, април 24, 2024
ПочетнаМакедонијаОд СДСМ разочарани: Нашата Влада им ги качи платите за 31 отсто...

Од СДСМ разочарани: Нашата Влада им ги качи платите за 31 отсто и пак СОНК штрајкува, а не штрајкуваа кога претходната им ги качи само 4 отсто !!!

Чудни се партиските математики на владејачкиот СДСМ, кога споредува баби и жаби, а притоа не дава појаснување за своите пресметки.

Во конкретниов случај споредува два периода од по 5 години, но кажува само проценти на покачени плати, а не споредува цени и инфлација во споредуваните периоди. Или дали тогаш пониската плата вредела повеќе кога се одело во продавница, односно обратно, со покачената плата, сепак, поради повисоки цени и инфлација, да може да се купат помалку производи. Еве ја партиската математика на СДСМ, според која, СДСМ не „ја погодува толку штрајкуваат наставниците, колку тоа што не штрајкувале во времето на претходната власт“.
Еве го целосното денешно соопштение на СДСМ:

Правото на штрајк е уставно загарнтирано, но исто така и правото на образование.

Во оваа ситуација, раководството на СОНК се одговорни за тоа што учениците не го остваруваат правото на образование.

Владата предводена од СДСМ предложи конкретен предлог за зголемување на платите во образованието и детската заштита од 10 проценти или во просек над 2500 денари.,

Во време на глобална криза кога владата прави се да го заштити стандардот на граѓаните и спречи ценовни шокови.

СОНК со одбивањето на оваа понуда ги продолжува уцените на штета на образовниот процес на учениците и ги става личните интереси пред интересот на децата.

Тоа што СОНК смета дека 10 отсто или покачување на платите меѓу 2500 и 3000 денари не е доволно не може да се смета за разумен став туку за притисок, со што е јасно дека СОНК личните интереси ги става пред оние на децата.

Од 2017 до денес, СДСМ платите ги покачи за 21%. Со овие дополнителни 10% тоа би значело 31% покачување што за СОНК во услови на светска економска криза е недоволно.

За споредба, од 2011 до 2016 година во времето на ВМРО-ДПМНЕ платите во образованието беа покачени за само 4%.

Раководството на СОНК треба да одговори зошто тогаш на толку мали плати немало уцени.

Исто така е прашање зошто СОНК цела година молчи за блокирањето на Законот од страна на ВМРО-ДПМНЕ на Законот за наставници и стручни соработници во кој меѓу другото има и решение за раст на платите.
Владата предводена од СДСМ нема да се откаже од зголемување на платите во образованието и детската заштита, но СОНК треба да ги напушти уцените, да продолжи наставата бидејќи децата и учениците се најважни.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ковачевски: Очекував подобри резултати, но јасно е дека граѓаните не казнија

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва порача дека јасно е оти граѓаните ги казниле. Се надевавме на подобри резултати, но јасно е дека луѓето не...

Пендаровски: Од утре се гледаме на терен, почнуваме од нула

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски. „Од утре продолжуваме со средби...

Засилено полициско обезбедување: ДУИ слави и во Скопје и во Мала Речица

Приврзаниците на ДУИ вечерва на плоштадот „Скендербег“ во Скопје слават по објавата на првичните резултати од првиот круг од претседателските избори, според кои нивниот...

Дурловски: Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно

Многу луѓе под седумгодишен политички прогон за првпат вечерва ќе можат да спијат помирно. Слава ти Господе!, порача вечерва Игор Дурловски, по објавата на...